
ФОТО | Супермоделот талка боса по аеродромот: Тоа трае веќе со недели
Британскиот супермодел Кара Делевињ ја загрижи јавноста со своето однесување на аеродромот во Лос Анџелес. Имено, таа е фотографирана како нервозно оди додека зборува на мобилен телефон, без чевли, во чорапи.
Препорачано
Таа задоцнила два часа на својот лет, а до аеродромот отишла со автомобил возејќи се цело време со нозете исфрлени низ прозорецот.

Како што пишува „Дејли мејл“, Делевињ изгледала многу нервозно и изморено, а нејзиното куче трчало околу неа додека таа зборувала на мобилен телефон.
Кога успеала да се качи во приватниот авион на музичарот Џеј Зи кој ја чекал, дошло до промена на планот.
Набргу откако се качила, била видена како го напушта авионот, по што персоналот го извадил и нејзиниот багаж.
Не е познато дали манекенката е исфрлена од авионот, пишуваат британските медиуми.
View this post on Instagram
Супермоделот пред неколку дена беше снимена како чудно се однесува во својот автомобил.

Делавињ наводно со денови претходно се забавувала на фестивалот „Burning Man“, а нејзиното загрижено семејство размислува да и ја обезбеди потребната помош.
„Сите сме неверојатно загрижени. Ситуацијата трае веќе неколку недели и нејзиното семејство е свесно. Размислуваат да преземат чекори за да и ја обезбедат на Делевињ помошта која можеби и е потребна“, изјавил извор за „Дејли мејл“.
Пријател на Деп се расплака на суд: Многу луѓе се погодени од оваа злонамерна лага
Кара Делавињ: Се сеќавам на тешката депресија и суицидните мисли уште од детството