Фото: Фејсбук

ФОТО | Среќна 26-ка! Светлана и Мики Црнокрак слават годишнина од бракот

Денешниот ден, 11-ти октомври, се празнува на посебен начин во семејството на познатата брачна двојка Светлана и Мики Црнокрак. На денешен ден, пред 26 години, Светлана и Мики го изговориле судбоносното „да“.

Сопствениците на модното студио „Црнокрак“, Светлана и Мики со години важат за пар кој покрај семејниот бизнис, има еден од најстабилните и најсреќни бракови.

По повод годишнината од бракот, Мики објави фотографии на својот профил на Фејсбук, на кои напиша „26-ка“.

Заедно со фотографијата од нивната венчавка, Мики објави уште една фотографија, која прикажува како со карикатури во рацете одбележаа 26 години заеднички живот.

Фото: Фејсбук/Мики Црнокрак
Фото: Фејсбук/Мики Црнокрак

Светлана важи за жена со посебна убавина, препознатлива по својата гламурозност и со богата кариера во светот на модата достојна за почит.

Светлана и Мики во бракот добија две ќерки – Моника и Нина.

Интервју со Светлана Црнокрак: Диета со гладување – НЕ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот