ФОТО: Срамнети со земја столпчињата од велосипедската патека во Тафталиџе

Неполни десет месеци откако беше претставена велосипедската патека на улицата „Лондонска“ во скопската населба Тафталиџе, столпчињата кои ја раздвојуваа патеката од коловозот се згмечени и „срамнети со земја“ по речиси целата нејзина должина.

Возачите, од претходно свикнати на оваа улица да ги паркираат автомобилите, продолжуваат да то прават тоа, не водејќи сметка дали притоа ги оштетуваат пластичните столпчиња.

„Лондонска“, која се протега од студентскиот дом „Гоце Делчев“ до булеварот „Партизански одреди“ кај „Сити мол“, е една од најфреквентните улици во овој дел на Скопје, а велосипедската патека издвоена од коловозните ленти за автомобили беше долгогодишно барање на граѓаните и на здруженијата на велосипедисти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот