Фото: EPA

ФОТО | Спој на гламур и убавина: Никол Кидман, Зендаја и Деми Мур блеснаа на црвениот тепих на Златните глобуси

Златните глобуси се одржаа во неделата вечер, на 5 јануари, по 82-ри пат. Најголемите холивудски ѕвезди со стил прошетаа на црвениот тепих и целосно воодушевија со комбинации на облека. Продефилираа култните актерки Никол Кидман, Анџелина Џоли и Деми Мур, како и претставници на новите надежи и помладите генерации, како Зендаја.

Еве како изгледаа холивудските ѕвезди на Златните глобуси и кои модни комбинации ја одбележаа овогодинешната церемонија.

Зендаја со години важи за една од најдобро облечените жени во светот, а тоа го покажа и на овогодинешното доделување на Златните глобуси. Таа носеше портокалов фустан на Луј Витон, кој го искомбинира со дијаманти и со тоа го оживеа стариот холивудски гламур.

Зендаја – Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Никол Кидман, вообичаено ги воодушеви сите присутни, а нејзината тоалета особено го истакната нејзиниот извајан грб во блескав бел фустан од високата мода на „Баленсијага“.

Никол Кидман – Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Ѕвездата на филмот „Марија“, Анџелина Џоли изгледаше беспрекорно во сребрено-сив фустан со реси, од пролетната колекција 2025 на „Меквин“.

Анџелина Џоли – Фото: George Pimentel / Shutterstock Editorial / Profimedia

Омилената ѕвезда на вечерта на многу луѓе, Деми Мур, изгледаше неверојатно во златен корсет фустан на „Армани“, кој беше совршено едноставен, а сепак толку гламурозен и впечатлив.

Деми Мур – Фото: Casey Flanigan/imageSPACE /MediaPunch / INSTAR Images / Profimedia

Мајли Сајрус избра елегантен фустан со црни и сребрени нијанси, со кој особено ја истакна својата совршена фигура.

Мајли Сајрус – Фото: Casey Flanigan/imageSPACE /MediaPunch / INSTAR Images / Profimedia

Ема Стоун се одлучи за темноцрвена креација, а во преден план беше нејзината нова пикси фризура.

Ема Стоун – Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

А тука беше и Селма Хаек во кафен фустан со светки. Она што е особено впечатливо е нејзината коса, која очигледно е седа, а со тоа Селма го прифати долгогодишниот тренд кој промовира природност и прифаќање на стареењето на најубав можен начин.

Селма Хаек – Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот