Фото: Инстаграм

ФОТО | Совршена зимска комбинација која можеби не сте ја очекувале, но сигурно ќе ви се допадне

Има комбинации кои тивко, но со непобитна елеганција се провлекуваат низ модата. Кафеавата и белата се токму таква комбинација на природни тонови кои делуваат како совршена рамнотежа на топлина и свежина.

Топла шолја какао прелиена со шлаг, да, да, и на тоа веднаш помисливме! Оваа комбинација е вистински моден погодок за сите оние кои сакаат да изгледаат софистицирано додека сè уште се чувствуваат како да се завиткани во меко ќебе.

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Hutchins (@kateehutchins)

Зошто кафеава и бела?

Размислете за кафеавата боја како доверлив пријател: топла, стабилна и секогаш приспособлива, но што е со белата? Таа е таа пријателка која мотивира, носи светлина и свежина каде и да се појави. Заедно, овие бои создаваат хармоничен изглед кој и пркоси на зимската монотонија и изгледа луксузно дури и кога можеби не е. Првата комбинација што ја истакнуваме вклучува класичен кафен капут и кафена маичка, надополнета со бели панталони. Деталите од кафениот појас и белите ретро патики го прават овој изглед софистициран.

View this post on Instagram

 

A post shared by Lily Sloanes (@lilysloanes)

Друга опција е комбинација од кафеав блејзер и макси балон здолниште во бело, со кафени балетанки и разголена маичка одоздола. Конечниот детал е голема чанта во кафена боја која дополнително ја нагласува практичноста на овој изглед.

View this post on Instagram

 

A post shared by Fleur Raffan (@fleurraffan)

Третата комбинација се одликува со трендовска кафена јакна, бел пријатен џемпер, кафени панталони и патики со кафени и бели риги – совршен избор за опуштени зимски денови.

View this post on Instagram

 

A post shared by Milda Gudelaityte (@mildagud)

Во четвртиот изглед доминира кафеаво долго велур палто со ремен. Придружуван од бел џемпер, кафени панталони и патики, создавајќи комбинација на елегантно и лежерно.

View this post on Instagram

 

A post shared by Anna Wein (@anna.wein)

Петтиот изглед се одликува со кафеаво палто, бели панталони и бели мокасини. Едноставноста и леснотијата на оваа облека го прават идеален за секојдневните обврски.

View this post on Instagram

 

A post shared by EMMA (@emmaaavo)

Последниот стајлинг е вистинска лекција за слоевитост. Кафеав блејзер и сатенско макси здолниште во иста нијанса комбинирано со бел плетен џемпер, ноншалантно префрлен преку рамениците и кафени балетанки – комбинација што зрачи со елеганција и леснотија.

View this post on Instagram

A post shared by Fleur Raffan (@fleurraffan)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот