
ФОТО | Славните сестри Хадид открија дека имаат полусестра, еве како изгледа: „Нашиот татко имаше една кратка романса“
Тајната полусестра на моделите Џиџи (30) и Бела Хадид (28) е откриена, пишува порталот „Пејџ сикс“. Станува збор за 23-годишната модна дизајнерка, стилистка и инфлуенсерка Ејдан Никс, која наликува на познатите сестри. Имено, Ејдан е ќерка на Мохамед Хадид и жена по име Тери Хатфилд Дал, со која Хадид имал кратка романса по разводот од Јоланда Хадид во 2001 година. Јоланда е мајка на Џиџи и Бела.
Препорачано
View this post on Instagram
„Пред повеќе од 20 години, нашиот татко, кој во тоа време беше сам, имал кратка врска која довела до бременост. Ејдан е родена и израсната во Флорида, а ја воспитувал маж кого таа со љубов го сметала за свој татко, сè до неговата ненадејна смрт кога имала 19 години“, раскажале сестрите Хадид за „Дејли мејл“ во соопштение.
Според нивните тврдења, Ејдан Никс потоа „од љубопитност направила ДНК тест“, кој ја открил биолошката врска со познатите модели Хадид. Првиот контакт го воспоставиле кон крајот на 2023 година, по што Џиџи и Бела „ја прифатиле со раширени раце“.
Ејдан поминала извесно време со сите членови на семејството Хадид, вклучувајќи го и Мохамед, кој сè уште јавно не го признал нејзиното постоење.
„Оваа неочекувана и прекрасна дополнителна врска го збогати нашето семејство. Како браќа и сестри, отворено и со љубов разговараме за тоа како можеме да ја поддржиме и заштитиме“, рекле сестрите Хадид.
View this post on Instagram
Тие исто така нагласиле дека Ејдан и нејзиното семејство ја ценат својата приватност, па ја замолиле јавноста да ја почитува нејзината желба и право на анонимност.
View this post on Instagram
Инаку, кратката врска на Мохамед со Тери Дал завршила пред таа да дознае дека е бремена. Мохамед наводно цело време знаел за Ејдан, со кого е во добри односи, но не ѝ давал финансиска поддршка.
Мохамед и Јоланда Хадид, покрај Џиџи и Бела, го имаат и синот, Анвар (25).
Хадид има и две ќерки од првиот брак со Мери Батлер – Мариел (44) и Алана (39).
ФОТО | Бела Хадид конечно се огласи за конфликтот меѓу Израел и Хамас: Не можам повеќе да молчам
ФОТО | Бела Хадид ѝ го честиташе роденденот на Џиџи со фотографии од детството кои трогнаа многумина