Фото: Профимедиа/Инстаграм

ФОТО | Славните реагираат на нападот на Путин на Украина: Колективна траума и страдање на невини мажи, жени и деца!

Во четвртокот (24 февруари), рускиот претседател Владимир Путин објави „специјална воена операција“ на истокот на земјата.

Откако Путин во четири часот по полноќ објави дека руската армија започнува специјална операција во Украина, руските тенкови ја преминаа границата на истокот на земјата, а експлозии одекнуваат низ украинските градови.

Во Киев владее општа паника и многумина се обидуваат да побегнат од градот. Паника завладеа и во светот кој е во страв од Трета светска војна, а ситуацијата ја коментираа и познатите личности на социјалните мрежи.

Растечката криза предизвика реакции од познати личности ширум светот, вклучувајќи ги Шер, Стивен Кинг, Пирс Морган, Карди Би

„Она што повеќето од нас го научиле уште од мали нозе на игралиштето: не стојте настрана додека големо дете тепа мало дете. Можеби ќе примите удаар или два за да го натерате вашето дете да застане, но тоа е вистинската работа“, напиша американскиот писател Стивен Кинг на Твитер.


„Сега кога тенковите, војниците и воената машинерија се на работ да влезат во Украина… што сега? Пекол од кој „војната“ нѐ ослободува? Лудачко пуштање крв… Дробење на месото и коските… Колективна траума, страдање, болка, тага, вознемиреност и очај за невините мажи, жени и деца? Која цена мора да ја платат обичните луѓе за ова лудило и бруталност на „инвазија“ и „војување“? Или ова е само разработена измама? Тактика на заплашување? Закана? Се извинувам за ова мрачно размислување, но имам привилегија да живеам во „мирна“ средина од раѓањето – децении по завршувањето на Втората светска војна – вкупно 67 години. Не го земам ова здраво за готово на ниту еден начин и сметам дека поимот „војна“ е неприфатлив, одбивен варваризам“, напиша на Инстаграм шкотската музичарка Ени Ленокс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Annie Lennox (@officialannielennox)


Славната раперка Карди Би напиша на Твитер напиша: „Би сакала овие светски лидери да престанат да се натпреваруваат за власт и да почнат да размислуваат за тоа кој навистина ќе биде погоден (граѓаните), како и дека целиот свет е во криза. Војна, санкции, инвазии треба да биде последното нешто за што размислуваат овие лидери“.

Пејачката дива Шер напиша: „Зошто Украина е важна за САД. Путин е деспот и ако му се укаже можност, Путин ќе ги прождере суверените земји, додека не воскресне СССР. Ова ќе ја остави Европа мала и незаштитена. Русија, Кина и Саудијците сакаат да ги фрлат САД на колена и ова е совршена можност за нив. Омраза, поделеност, слабост“.

Се огласи и познатиот британски новинар Пирс Морган:

„Путин го прави ова затоа што минатиот пат се извлече на Крим. А, ако повторно се извлече во Украина, ќе продолжи да напаѓа други земји додека не се обнови Советскиот Сојуз. Светот мора да се обедини за да го запре овој безмилосен диктатор – пред да биде предоцна“, напиша Морган на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!