
ФОТО | Скандалозно, досега невидено издание на Бјанка Ценсори: Светот е во шок!
Бјанка Ценсори, сопругата на познатиот рапер Канје Весст, повторно го привлече вниманието на јавноста со својот необичен избор на „облека“. Не е познато дали популарниот рапер повторно влијаел на новиот „стајлинг“ на неговата сопруга, но тој дефинитивно ги надмина сите граници.
Препорачано
Имено, на социјалните мрежи се појавија нови фотографии, а на нив сопругата на раперот вози ролери во танга, но тоа не е сè!
Иако се навикнавме на нејзините разголени изданија, овој пат таа отиде чекор понатаму, а како сето тоа изгледа може да погледнете ОВДЕ.
View this post on Instagram
Фотографиите споделени на Инстаграм се направени од нејзиниот стилист Гадир Раџаб, а на нив се гледа како Бјанка се потпира на ѕид пред да позира пред камерите. Фотографиите предизвикаа вистински бум на социјалната мрежа Инстаграм, а на негативните коментари им нема крај.
Ова не е прв пат Бјанка да се одлучи за провокативен изглед. За време на доделувањето на Греми наградите, таа го соблече палтото пред папараците и откри дека одоздола не носи апсолутно ништо, што предизвика бројни критики на интернет. Иако се појавија шпекулации за развод со Канје, извор неодамна изјави дека тие решиле повторно да се обидат да поработат на својот брак по многу разговори и кризи.
По нивното појавување, стајлингот, односно изгледот на Бјанка се коментираше со денови, а многумина веруваа дека таа била принудена на вакви работи за да го израдува својот сопруг. Оваа објава предизвика осуда на социјалните мрежи, а корисниците брзо реагираа, нарекувајќи го Канје со погрдни имиња, пишува „Дејли мејл“.