
ФОТО | Скандалозна фотографија од синот на Елизабет Харли и неговиот поранешен очув: „Изгледаат како љубовници“
Синот на Елизабет Харли и неговиот поранешен очув предизвикаа „бура“ од негативни коментатри на социјалните мрежи. Имено, фотографиите кои неодамна ги објави Дамијан на својот Инстаграм профил со наслов – „Каков татко, таков син“, поттикнаа лавина коментари, а токму овој пост наведе многумина да се запрашаат – дали неговиот татко вистиснки татко е Стив Бинг, а не човекот на фотографиите.
Препорачано
И тоа е вистина. Бинг е неговиот биолошки татко, а Дамијан позираше со Анураг Најар, со кого неговата мајка Елизабет Харли беше во брак од 2007 до 2011 година.
Поранешните партнери, актерката и милијардерот, останаа многу блиски по разводот. Тие уживаат во ноќниот живот заедно, ги поминуваат летата заедно, во друштво на неговата нова партнерка, но и Дамијан, а сето ова потврдува дека Најар е како татко на младиот Харли.
Сепак, за многумина, ова е идеална можност да се изнесат бројни теории, дури и дека Дамијан и Најар се во врска.
Имено, многумина веруваат дека врската меѓу Дамијан и Најар е несоодветна.
View this post on Instagram
„Неговиот татко е мртов, тој не е негов татко“, „Тој е негов љубовник, а не татковска фигура“, „Изгледаат како вљубен пар“, се само некои од коментарите.
Претходно, „контроверзните“ слики од Дамијан Харли и неговата мајка Елизабет Харли беа мета на критики бидејќи наводно изгледале премногу интимни. Уште побурни реакции предизвика неговото режисерско деби од 2024 година, во кое глуми неговата мајка.
Причината беа нејзините секс сцени со друга жена, кои ги сними самиот Дамијан.
Во тоа време, двајцата рекоа дека ова е сосема нормално за нив.