
ФОТО | Сите погледи вперени во неа: Ѕвездата на „Невозможна мисија“ прошета во креација на Тони Матичевски во Венеција
Од Тејлор Свифт преку Џенифер Лопез, Хајди Клум, Бијонсе, Пенелопе Круз, Ева Лонгорија, Лили Колинс до Ким Кардашијан, креациите на австралискиот дизајнер со македонско потекло Тони Матичевски со задоволство ги носат светски познатите ѕвезди. Дефинитивно, Матичевски е омилен дизајнер на холивудските дами, особено на ѕвездата на „Очајни домаќинки“ – Ева Лонгорија.
Препорачано

Ребека Фергусон во футуристичка тоалета
Последна во низата славни дами што прошета во креација на Матичевски е ѕвездата на франшизата „Невозможна мисија“ – шведската актерка Ребека Фергусон.
View this post on Instagram
Актерката во моментот се наоѓа на Филмскиот фестивал во Венеција, а пред три дена на црвениот тепих по повод премиерата на својот нов филм „Куќа од динамит“ (A House of Dynamite), политички трилер во режија на Кетрин Бигелоу, пристигна во едно од своите најинтересни модни изданија досега. А токму оваа впечатлива креација што го привлече вниманието на сите, е дело на Тони Матичевски.

Фергусон избрала креација од колекцијата на Матичевски за есен/зима 2025 година, а станува збор за црн футуристички фустан што го комбинирала со необични црни чизми на платформа. Фустанот, истовремено, делува моќно, авангардно и елегантно.
View this post on Instagram
Тејлор Свифт во фустан од 6.200 долари
Американската пејачка Тејлор Свифт е најактуелното име во светот на музиката, особено откако лани во април го објави својот единаесетти студиски албум „The Tortured Poets Department“.
Една од првите песни од албумот што добија свој видеозапис е дуетската песна „Fortnight“ со рапeрот Пост Малоун. Сосема очекувано, овој спот постигна огромен успех на музичките платформи.

Но, она што го привлече вниманието кај љубителите на модата е белиот екстравагантен фустан што го носи пејачката во неколку сцени од видеозаписот, а е со потпис на Тони Матичевски.
Во изјава за „Дејли мејл“, тимот на Матичевски потврди дека Свифт е првата што го облекла ова модно парче од 6.200 долари и дека нејзините стилисти стапиле во контакт со него уште пред доделувањето на минатогодишните музички награди Греми.
Фустанот во боја на бисер има „скулптурална силуета“, аголно деколте и збир на вештачки збрчкан материјал на колкот за да се открие бутот.
Богато портфолио
Тони Матичевски долги години е еден од најпознатите дизајнери во Австралија, а негови креации ги носат дамите од светската сцена.

Матичевски е роден во Мелбурн каде што неговите родители се преселиле во седумдесеттите години. Родителите на Матичевски мигрирале во Австралија уште во времето кога Македонија сè уште беше дел од Југославија. Тој пораснал во Седон, внатрешно-западно предградие на Мелбурн.
Матичевски студирал мода на Универзитетот РМИТ, дипломирајќи со почести од прва класа. По дипломирањето, ја освоил наградата „Фешн груп интернешнл“, што резултирало со вработување кај Дона Каран во Њујорк. Тој одбил продолжена позиција во Дона Каран, сметајќи дека моќната куќа креативно го исцрпува. Матичевски заминал за Париз за да работи две сезони во Черути. Се вратил во Мелбурн во 1998 година за да ја лансира својата сопствена марка. Во 2002 година Матичевски ја освоил наградата за најдобар нов дизајнер на Фестивалот на модата „Лореал“ во Мелбурн со својата дебитантска деми-котур колекција. Оттогаш се редат ревии, награди и признанија.

Матичевски дизајнира емотивно, а секоја сезона ги рекреира своите елаборирани фустани во различни стилови и материјали, задржувајќи слична силуета. Дизајнерот неодамна додаде машка линија на својата марка со флуидни неутрални палта и панталони.
На прашањето дали Македонија и модата на Балканот имаат некакво влијание врз неговата работа, тој одговорил дека иако тоа е дел од неговите корени, сепак за неговите колекции не црпи инспирација од етно традицијата.
„Што се однесува до модата на тие простори, за жал, не сум имал време да се информирам за работата на дизајнерите, но се надевам дека тоа наскоро ќе се промени. Во странство често се сретнувам со луѓе од тие простори, а општиот впечаток е дека на Балканот има многу креативни, но и несфатени луѓе“, изјавил Матичевски за „Ел“.

ФОТО | Светско, а наше: Кристен Стјуарт облече креација на македонскиот дизајнер Тони Матичевски
ФОТО | Ева Лонгорија блеска во креација од дизајнерот со македонско потекло, Тони Матичевски