Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Која е фаталната убавица? Синот на Лепа Брена лудо вљубен во колешка на мајка му

Виктор Живоjиновиќ, помладиот син на Лепа Брена, не сака да се истакнува во медиумите, но неговиот љубовен живот постојано е во очите на јавноста.

Лепа Брена, Боба и синовите/Фото: Принтскрин/Инстаграм/ Стефан Живоиновиќ

Пред извесно време Виктор ја прекинал долгогодишната врска, а сега веќе подолго време ужива со атрактивната колешка на својата мајка. Девојката на Виктор е поранешна ѕвезда на „Гранд“.

Во прашање е убавата и згодна пејачка Лена Чолак, препознатлива по својата необична фризура, која со години ја бојадисуваше во две бои и неодамна одлучи да го промени имиџот.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Пред две години медиумите за славниот пар пишуваа: „Виктор и Лена се познаваат подолго време, бидејќи беше ангажирана да пее на приватните прослави на семејството Живојиновиќ. Дури и тогаш му паднала во очи на Виктор, но помеѓу нив никогаш ништо не се случило. На Виктор му се допаѓа колку е амбициозна и спонтана Лена, особено е задоволен што таа не ја гради својата кариера на скандали. Не се надеваше дека таа ќе се појави на настанот на кој се наоѓаа, па кога ја здогледа, беше многу среќен“, изјавил изворот за „Стар“.

Инаку, Лена привлекува големо внимание со своите фотографии на Инстаграм, а поради нејзината убавина и згодно тело ретко кој останува рамнодушен.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Лепа Брена ужива на геј свадба! Венчавката на Србин и Хрват била во Палма де Мајорка

ВИДЕО | Лепа Брена подготви незаборавна забава за 25-от роденден на најмладиот син

ВИДЕО | Лепа Брена почна со роденденската прослава: Пејачката го покажа првиот подарок

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот