Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

ФОТО | Сигурни Вивер доби награда за животно дело во Венеција: Златниот лав ќе спие со мене во креветот

Сигурни Вивер го зазеде централното место на отворањето на Венецискиот филмски фестивал оваа година.

Пред светската премиера на „Beetlejuice Beetlejuice“, ѕвездата на филмовите „Alien“, „Avatar“ и „Gorillas in the Mist“ беше наградена со Златен лав за животно дело во чест на нејзината работа која опфаќа 45 години врвна актерска игра, пишува „Варајати“.

„Сигурна сум дека сонувам“, рече таа при добивањето на наградата.

Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Таа подоцна рече дека нејзиниот „златен лав“ е „најневеројатната чест што можам да ја замисли“, додавајќи дека статуата ќе седи до неа во авионот.

„Мојот сопруг ќе мора да се навикне, да го имаме во кревет со нас“, изјавила Вивер.

„Навистина ми е чест што го добив Златниот лав за животно дело во Венеција. Добивањето на оваа награда е привилегија што ја споделувам со сите филмаџии и соработници со кои сум работела низ годините. Горда сум што ја прифаќам оваа награда во чест на сите оние кои помогнаа да се оживеат овие филмови“, изјави американската актерка Сигурни Вивер (74), годинешната добитничка на Златниот лав, награда за животно дело на отворањето на 81. Филмски фестивал во Венеција.

Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Познатата актерка има три номинации за Оскар („Alien“, „Gorillas in the Mist“ и „Galaxy Quest“), а директорот на фестивалот Алберто Барбера вели дека Сигурни нема голема конкуренција на сцената.

– Обдарена со неверојатен темперамент, способна да се движи деликатно, но без кревкост, таа создаде имиџ на жена која е самоуверена и решителна, динамична и одлучна – изјавил Барбера и додал:

– Златниот лав за животно дело е само признание за ѕвездата која изгради мостови меѓу најсофистицираното арт-хаус кино и филмови кои чесно и оригинално ѝ се обраќаат на јавноста, а притоа останува верна на себе.

Фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот