Фото: EPA/ETIENNE LAURENT

ФОТО | Шокантна трансформација на Ејми Шумер: Актерката ја покажа својата витка фигура и откри дека користи два лекови за слабеењe

Американската актерка и комичарка Ејми Шумер сподели нова фотографија на која ја покажа својата витка фигура.

Шумер неодамна отпатува во Лас Вегас со пријателите Алекс Сакс и Џилијан Бел, и сподели фотографија на која се гледа дека таа значително ослабела.

Нејзината објава беше проследена со низа коментари од обожавателите, кои ја пофалија нејзината неверојатна трансформација.

„Слаба мајка“; „Нозете се во преден план“; „Треба да ги покажеш нозете уште повеќе“, беа некои од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @amyschumer


Шумер претходно отворено зборуваше за својот процес на слабеење, вклучувајќи го и нејзиното „ужасно искуство“ со „оземпик“, и откри дека одлучила да направи липосукција во 2022 година.

„Го пробав „оземпик“ пред речиси три години и бев како прикована за кревет. Повраќав и немав енергија, но другите луѓе го земаат и сите се чини дека се добро“, рече таа.

Понатаму призна дека симптомите што ги доживеала по земањето на лекот не вределе за брзото слабеење. Таа, исто така, зборуваше за овој лек и процесот на слабеење во 2023 година во емисијата „Watch What Happens Live“ каде што рече: „Бидете искрени со луѓето. Кога решив да направам липосукција, го кажав тоа јавно, не криев ништо.“

Шимер неодамна откри дека пронашла комбинација од лекови што ѝ дала добри резултати и нагласи дека е важно секогаш да биде транспарентна во врска со слабеењето и нејзиното здравје, пишува „Пипл“.

„Секој го прави ова пред камерите, само сакав да бидам искрена за тоа“, рекла таа тогаш.

Актерката Ејми Шумер откри дека има Кушингов синдром: Се чувствувам преродено откако ја добив дијагнозата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот