
ФОТО | Шарлот сè повеќе личи на својата баба, принцезата Дијана: Спуштената глава и остриот поглед, неверојатно слични
Принцезата Шарлот присуствуваше на традиционалниот божиќен концерт кој нејзината мајка Кејт Мидлтон го организира секој Божиќ, а многу луѓе беа изненадени од тоа колку принцезата личи на нејзината баба, принцезата Дијана. Деветгодишната ќерка на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, се појави со своите браќа, принцовите Џорџ и Луис.
Препорачано
Во бордо палто и со долгата коса украсена со машна, Шалот уште еднаш покажа дека вешто владее со протоколот и дека не се плаши од вниманието на јавноста.
View this post on Instagram
Имено, за време на музичкиот настан, Шарлот покажа дека има многу сличности со семејството Спенсер, особено препознатлив изглед со малку спуштена глава, истиот оној што беше едно од најпрепознатливите движења на нејзината баба, принцезата Дијана од Велс. На многумина не им требаше многу време за да ја прогласат за двојничка и наследничка на познатата принцеза.
Така, на Инстаграм осамна фотографија од Шарлот, со спуштена глава и остар поглед, на која пишуваше „Спенсер изглед“, поточно речиси идентична како што тоа го правеше нејзината баба.
Некои од корисниците на социјалната мрежа рекоа дека сличноста меѓу баба и внука е „изненадувачка“, истакнувајќи дека очите на Шарлот се исти како и на Дијана, а тој карактеристичен изглед го окарактеризираа како „изглед кој замина во историјата“.
Меѓутоа, други не се согласија, тврдејќи дека Шарлот сè уште повеќе личи на нејзината позната прабаба, кралицата Елизабета Втора.