Фото: Инстаграм/„Вог“

ФОТО | Сензуална на насловната страница: Ким Кардашијан се соблече гола пред објективот на францускиот „Вог“

Старлетата Ким Кардашијан постигна уште еден голем успех во својата кариера – се појави на насловната страница на француското издание на „Вог“. На фотографијата позираше топлес, покриена со бело ќебе.

На профилот на престижното модно списание беше објавена и уште една фотографија, на која Кардашијан позира без маица, а градите ги покрива со рацете и коленото. На себе носеше фармерки и впечатлив дијамантски накит. Покрај фотосесијата, таа даде и интервју во кое зборуваше за самодовербата, а во еден момент „боцна“ и поранешниот сопруг Канје Вест.

Кардашијан призна дека денес е најсамоуверена досега.

„Кога наполнив 40 години, мајка ми ми рече дека годините што следат ќе бидат најдобрите во мојот живот. И беше во право – дури во последните три или четири години ја стекнав вистинската самодоверба“, изјави таа. Кардашијан пред три години го финализира разводот со Вест.

„Пред тоа постојано мораше некој друг да ми потврди пред да донесам одлука. Замислете колку е лудо да се потпираш толку многу на туѓо мислење. Денес точно знам што сакам. Тоа е ослободувачки“, истакна таа, додавајќи дека модата имала големо влијание врз нејзината самодоверба.

Фото: Инстаграм/„Вог“

Кардашијан откри и како успева да ги балансира мајчинските обврски со професионалниот живот.

„Секогаш сум имала список со цели, знаете, како листа на работи што сакате да ги направите пред да умрете. Насловните страници на списанија секогаш биле дел од тој список, а оваа отсекогаш била на врвот. Фактот што конечно се оствари за мене е неверојатен. Толку е посебно. Но вистината е дека кога си мајка, особено на четири деца, организацијата е сè“, изјави таа.

Фото: Инстаграм/„Вог“

Старлетата има строга дневна рутина поради која ѝ останува многу малку време за себе.

„Јас ги будам децата ако тие не ме разбудат мене. Се облекуваме, им подготвувам појадок, а потоа секое од нив го носам во училиште. Тоа е вистински хаос, но организиран хаос. И многу се смееме. Го обожавам времето што го поминуваме заедно. Среќа, бидејќи тоа го правам секој ден. Речиси никогаш немам време за себе, но доаѓањето во Франција за ова снимање ми овозможи барем малку да бидам сама. Ги ценам тие моменти, дури и кога траат колку летот со авион. Но тоа е во ред – ќе дојде време кога моите деца ќе пораснат, ќе ја напуштат куќата и тогаш ќе имам толку многу време за себе што можеби ќе ми биде тажно. Засега, уживам да се вратам дома, да ги најдам во мојот кревет и да се гушкаме. Исто така, бидејќи штотуку дипломирав, ми се ослободи многу време. Дури и ако неодамна тоа време го посветив на глумата“, раскажа Кардашијан, која со поранешниот сопруг ги има ќерките Норт и Чикаго, како и синовите Сент и Псалм.

Фото: Инстаграм/„Вог“

Кардашијан има улога во серијата „Сè е праведно“ која ќе излезе оваа есен на филмската платформа Дизни плус. Автор на серијата е Рајан Марфи, за кого таа има само пофални зборови.

„Рајан точно знае што сака и се погрижува да го добие тоа. Не дозволува да не успееш. Тоа навистина ми помогна, бидејќи никогаш претходно не сум глумела. А кога знаеш дека ќе играш покрај неверојатни таленти како Глен Клоуз, Сара Полсон, Наоми Вотс и Ниси Наш, тоа може да биде застрашувачко. Но јас не сум личност што се нервира. Едноставно направив сè што требаше. Стигнав на сет решена да бидам многу професионална и добро подготвена. Рајан ми ја даде оваа шанса и сметав дека би било глупаво да не ја искористам“, изјави таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот