ФОТО | Селена Гомез во непрепознатливо издание изгледа како друга жена

Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

Омилената актерка и пејачка на многумина, Селена Гомез реши пред крајот на годината да ја промени фризурата и да покаже нов изглед.

Познатата 31-годишна пејачка повеќе не е бринета, таа одлучила да ја осветли косата со руси прамени. За нејзиниот нов изглед е заслужен Филип Верхејен, кој претходно ги стилизирал фризурите на познатите актерки како Дијана Кругер, Хелен Мирен и Мариса Томеи.

“Една и единствена Селена Гомез. Каква аура, каква жена. Ти благодарам што ми веруваш и што ме одведе во Париз”, напиша Филип покрај фотографиите од новиот изглед на Селена.

Фото: Инстаграм/ Philipp Verheyen

Нејзиното ново издание ги изненади обожавателите, кои на социјалните мрежи коментираа дека Селена изгледа непрепознатливо со новата фризура. Освен фризурата, тие коментираа и за тоа како пејачката изгледа многу поинаку на фотографиите.

“Не би претпоставил дека е Селена Гомез. Дали ова може да биде фотошопирано? Лицето повторно го промени обликот”, “Никогаш не би ја препознал”, коментирале обожавателите.

Фото: Инстаграм/ Philipp Verheyen

Имаше и такви кои веднаш застанаа во одбрана на Селена.

„Значи, секој пат кога ќе изгуби некој килограм, ќе кажете дека отишла на естетска операција. А сите знаеме дека Селена има лупус. Колку пати треба да кажеме дека нејзиното лице е отечено поради лековите што ги зема “, напишал еден корисник.

Гомез со години се бори со автоимуна болест поради која во 2017 година мораше да направи трансплантација на бубрег. Таа често го коментираше својот изглед на социјалните мрежи откако мораше да почне да зема лекови.

Фото: Инстаграм/ Philipp Verheyen

ФОТО | Селена Гомез со бујно деколте во розово бикини: Атрактивна и горда на своите облини

Конкуренти ѝ се само Роналдо и Меси: Селена Гомез е прва жена со 400 милиони следбеници на Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот