Џорџ и Амал Клуни на прием кај кралот Чарлс / Фото: i-Images / Eyevine / Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Сексапилниот фустан пред кој дури и кралот Чарлс остана без зборови: Амал Клуни на прием во Бакингемската палата

Госпоѓа Клуни дефинитивно е жена пред чиј стил е невозможно да се остане рамнодушен, а за приемот кај кралот на Велика Британија, таа избрала класика, но со модерен и сексапилен пресврт.

Џорџ и Амал Клуни се навикнати на друштво на највлијателните луѓе во светот бидејќи, на крајот на краиштата, и самите припаѓаат на тој тесен круг, но поканата на кралот на Велика Британија е нешто посебно, а Амал одлично одговорила на овој моден предизвик.

Славната двојка била меѓу гостите на приемот кој кралот Чарлс Трети го одржа во Бакингемската палата по повод доделување на наградите на Кралскиот фонд, а познатата адвокатка повторно била најдобро облечената личност во просторијата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HELLO! Magazine (@hellomag)


Амал Клуни пристигнала во Палатата во отмен мал црн фустан, сигурно парче за свечени пригоди, но целосно не „играла на сигурно“.

Сопругата на холивудски актер се одлучила за модел со романтичен детаљ – шик јазол на прерамките, кои паѓале од рамената, давајќи секси пресврт на нејзиниот стил.

Амал изгледала заносно во моделот кој ја следи линијата на телото, „сечен“ е под градите така што ја нагласува нејзината витка фигура, а паѓа веднаш под колената.

Со овој елегантен стајлинг, адвокатката специјализирана за човекови права, избрала пуштена коса стилизирана во бранови, како и дискрена шминка што само ја нагласува нејзината природна убавина.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PARADE Magazine (@parademag)

Ова е само една од низата средби на брачната двојка Клуни со кралот Чарлс, кој својот Кралски фонд го основаше уште далечната 1976 година, а тој носеше назив Фонд на принцот до стапувањето на Чарлс на престолот во 2022 година.

Не само што Амал и Џорџ Клуни се сретнаа со кралот за оваа церемонија во минатото, туку наградата за 2019 година е наречена Награда „Амал Клуни“ и ги слави достигнувањата на младите жени.

– Почестена сум што Фондот на принцот ме покани да се приклучам на глобалната иницијатива која ги слави младите жени кои ги менуваат работите во своите заедници. Привилегија е да се биде дел од проект што ќе го сврти вниманието кон неверојатните млади жени кои се идните лидери на светот – рекла тогаш Амал Клуни.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HELLO! Magazine (@hellomag)

ВИДЕО | Бред Пит и Џорџ Клуни танцуваа на четириминутните овации на премиерата на „Волци“ во Венеција

ФОТО | Сите очи вперени во адвокатката: Амал Клуни го донесе целиот гламур во Венеција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот