
ФОТО | Секогаш насмеана и уникатна: Денеска роденден прославува нашата актерка Тања Кочовска
Тања Кочовска е родена на 21 јануари 1967 година во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Љубиша Георгиевски, во 1989 година. Од 1991 година работи во Драмски театар – Скопје, во 1993 година преминиува во Театар за деца и младинци – Скопје. По 24-годишна успешна и наградувана кариера во Театарот за деца и младинци (ТДМ), од 1 август 2017 година станува дел од Македонскиот народен театар
Препорачано
Потекнува од познато уметничко семејство. Таа е ќерка на поранешните членови на групата „Мањифико“, Панче и Невена Кочовски, а нејзина сестра е пејачката Лидија Кочовска. Речиси 30 години е во брак со актерот Предраг Павловски, со кого ја имаат ќерката Нела. Од првиот брак со актерот Владимир Ендровски – Љац актерката го има синот Александар.
Секогаш уникатна и насмеана, Тања со една интересна фотографија која ја сподели на социјалните мрежи го одбележа својот 58. роденден.
Инаку, Тања Кочовска во својата долгогодишна кариера играла голем број театарски улоги како:
– Спиројца (Народен пратеник, 2024), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Егон Савин, продукција: Македонски народен театар;
– Валери фон Кант (Горчливите солзи на Петра фон Кант, 2022), автор: Рајнер Вернер Фасбиндер, режисер: Ивица Димитријевиќ, копродукциски проект меѓу РСМ НУ Македонски народен театар и МИ Филм – Скопје;
– Бела (Мој термин, 2019), по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар;
– Аспасија (Дух, 2018), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
– Мајката Грациела (Кец на десетка, 2017), автор: Митко Бојаџиски, режисери: Драган Спасов и Јордан Симонов, продукција: Македонски народен театар;
– Дорина (Тартиф, 2016), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Галин Стоев, продукција: Македонски народен театар;
– Маргарита Ивановна (Животот е прекрасен, 2016), автор: Николај Ердман, режисер: Александар Морфов, продукција: Македонски народен театар;
– Ѕвончица (Петар Пан, 2016), даматизација: Маја Енчева, режисер: Боњо Лунгов, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
– Мама Мортон (Чикаго, 2015), автори: Боб Фос и Фред Еб, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
– Учителката Присилус (Пипи долгиот чорап, 2013), автор: Астрид Линдгрен, режисер: Драгана Милошевка – Попова, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
– Тетка Ема, Злобната вештерка, Четка, Глушец (Волшебникот од Оз, 2011), автор: Франк Баум, режисер: Боњо Лунгов, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
Се појави и во повеќе тв-серии и филмови:
– 1988 „Ел камино дел сур“ ТВ-филм
– 1990 „Македонски народни приказни“ ТВ-серија
– 1992 „Еурека“ ТВ-серија
– 1993 „Светло сиво“ ТВ-филм
– 1999 „Во светот на бајките“ ТВ-серија
– 2001 „Светот има осум страни“ ТВ-серија
– 2018 „Година на мајмунот“ ТВ-филм
– 2018-2021 „Преспав“ ТВ-серија
– 2022 „Тин Камп“ ТВ-серија
– 2024 „Убиј ги прво децата“ ТВ-филм
Досега има освоено и голем број престижни награди за своите достигнувања во кариерата меѓу кои:
– Награда за актерка за 2019 година на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“;
– Награда за актерско мајсторство на кукла во претставата „Петар Пан“ на меѓународен куклен фестивал, Подгорица, 2017 г.;
– Колективна награда за актерско остварување во претставата „Бескрајни соништа“ на меѓународниот куклен фестивал „Златна искра“, Крагуевац 2014 г.;
– Награда за актер во улогата на Тетка Ема и Злобната вештерка во претставата „Волшебникот од Оз“ и награда за најдобра претстава на меѓународниот куклен фестивал за деца Суботица, 2013 г.;
– Гран при за претставата „Девојчето со ќибритчиња“ на фестивалот на театри за деца Котор, Црна Гора, 2008 г.;
– Награда за актер за остварена улога во претставата „Македонска приказна“ и за најдобра претстава на меѓународниот фестивал на театри за деца Бања Лука, Република Српска, 2002 г.;
– Награда за актер во улогата на Бојанка во претставата „Чук чук Стојанче“ на меѓународниот фестивал на театри за деца Бања Лука, Република Српска, 2002 г.;
– Награда за најдобро актерско остварување за улогата на Скакулка во претставата „Убавицата и ѕверот“ на меѓународниот куклен фестивал за деца, Суботица 2000 г.