Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

ФОТО | Се тргаат дрвените куќички од плоштад, годинава нема да ја дочекаат пролетта

Граѓаните кои денеска ќе прошетаат низ центарот на градот, ќе забележат дека плоштадот „Македонија“ е „подиспразнет“, откако утрово дрвените куќички, поставени среде плочникот во срцето на Скопје пред новогодишните празници, беа натоварени на камиончиња и однесени. Пред десетина дена беше размонтирана и елката.

Град Скопје оваа година порано реагираше и ги тргна куќичките, за разлика од лани кога овие мали монтажни објекти на градскиот плоштад ја поминаа целата зима, ја дочекаа пролетта и беа однесени од плоштадот дури на средината од април.

Тогаш, на новинарско прашање од „Слободен печат“ за тоа дали овие куќички имаат намена само во зимскиот празничен период, од Градот ни рекоа дека куќичките имаат повеќе намени, не само новогодишни и затоа толку долго биле поставени на градскиот плоштад.

Kуќарките на плоштад не се новогодишни, истите имаат повеќе намени и активно се користат за промоција на настани и активности на училиштата во Град Скопје и останати институции, планирани во текот на целата година – одговорија од Град Скопје за „Слободен печат“ минатата година.

Дрвените куќички „заминаа“ од плоштадот, иако Градот тврдеше дека ќе се користат цела година

Сепак, оваа година куќарките не издржаа ни до февруари, што го потврдува ставот на граѓаните за нивната примарна намена како дел од познатиот новогодишен и божиќен базар во центарот на градот.

Но, „Слободен печат“ исто така забележа дека овие дваесетина куќарки неодамна најдоа своја функција во одржувањето на хуманитарна акција, организирана од скопските средни училишта, со цел собирање средства за нивна соученичка.

Средношколски Базар/Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

ФОТО: Средните училишта со хуманитарен базар на градскиот плоштад – средствата ќе бидат наменети за лекување на ученичка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот