сандра булок
Сандра Булок / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

ФОТО | Сандра Булок загрижена за безбедноста на своето семејство: Криминални синџири на измамници

Актерката Сандра Булок даде ретка јавна изјава споделувајќи ја својата „длабока загриженост“ за безбедноста на нејзиното семејство.

Дополнително, Сандра Булок ги предупреди фановите за измамници на социјалните мрежи.

Оскаровката изрази загриженост за своето семејство и другите невини луѓе кои се цел на измами на социјалните мрежи, наведувајќи дека секое лице кое тврди дека е таа е всушност измамник.

„Безбедноста на моето семејство, како и на невините луѓе кои беа изманипулирани, е моја длабока грижа и ќе дојде време кога ќе коментирам повеќе, но засега нашиот фокус е да им помогнеме на органите на редот во решавањето на ова прашање“, рече Сандра.

„Ве молиме имајте предвид дека не сум на ниту еден социјален медиум. Сите профили кои се преправаат дека сум јас или некој поврзан со мене се лажни, создадени за финансиска добивка или за искористување на луѓето околу мене“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gesine Bullock-Prado (@gesinebp)

Оваа изјава актерката ја даде откако нејзината помлада сестра Гесина Булок-Прадо неодамна откри дека многу луѓе лажно тврделе дека се таа на Фејсбук.

Гесина на Инстаграм го детализира обемот на проблемот, споделувајќи слики од неколку лажни профили и пишувајќи дека некои луѓе биле измамени и изгубиле илјадници долари.

„Јас пријавувам лажни профили повеќе пати на ден, се соочувам со чудни и застрашувачки мејлови од мажи кои веруваат дека, преку една од овие многу лажни профили, имаат врска со мојата сестра преку приватни пораки. Некои (понекогаш) давале илјадници долари на неверојатно позната и успешна возрасна жена“, напиша таа.

Таа продолжи:

„Кога пријавувам, пријавувам и до службата за безбедност која ги испраќа адресите на тие профили директно до вработените во Мета.

Гесина тврдеше дека тие лажни профили биле „водени од криминални синџири“.

„Тие создаваат и лажни групи каде фалсификатите објавуваат „официјални изјави“ во мое име. Тоа не сум јас. Ова е мојот единствен профил и знаете дека се работи за печење, готвење, животни и градинарство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот