Салма Хајек - Фото: EPA/CAROLINE BREHMAN

ФОТО | Салма Хајек го прослави својот 59-ти роденден: Го одбележа со фотографија во костим за капење

Познатата актерка Салма Хаек вчера го прослави својот 59-ти роденден, а го одбележа со фотографија во костим за капење.

Мексиканско-американската актерка со децении е призната како една од најубавите жени во светот, а нејзиниот изглед им пркоси на годините. Таа сега објави фотографија на социјалните мрежи по повод својот 59-ти роденден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

„59 патувања околу сонцето и сè уште танцувам“, напиша Салма во објавата.

На фотографијата, таа може да се види во флуоресцентен црвен костим за капење со коктел во раката додека седи на брод. Таа, исто така, им се заблагодари на сите „за љубовта“ во описот.
Претходно во интервју за списанието „Пипл“, таа откри колку е возбудена што е во своите педесетти години: „Тоа е поинаков вид убавина“.

Таа се појави и на насловната страница на списанието „Спортс илустрејтид“ на 58-годишна возраст и го сподели своето воодушевување што тоа се случило на таа возраст.

„Да ми кажеше некој дека ќе бидам на насловната страница на 58 години, ќе помислев дека е луд. Но, светот се промени – и тоа го прави возбудлив“, рече таа.

Да потсетиме дека Хајек претходно откри дека нејзината убавина не е само резултат на природата и призна дека се подложила на козметички процедури за подмладување.

Станува збор за ултразвучна процедура за подигнување на кожата и зголемување на колагенот.

„Сакав мојот сопруг да каже „Вау“ кога ќе ме погледне. Сакам да се чувствувам добро во врска со мојот изглед, но не мора да изгледам како да имам 20 години“, рекла таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!