
ФОТО | Род Стјуарт откажа дури шест концерти поради болест: „Скршен сум!“
Род Стјуарт ги откажа концертите закажани за јуни, објави тој на својот Инстаграм профил.
Препорачано
Имено, Стјуарт (80) прво откажа два концерта, а сега и следните четири. Вкупно шест концерти беа откажани или одложени поради болест, по препорака на лекарите.
View this post on Instagram
– Морам да ги откажам и одложам моите следни шест концерти во јуни бидејќи сè уште се опоравувам од грип. Многу ми е жал, пријатели. Срцето ми е скршено и искрено се извинувам за евентуалните непријатности на моите обожаватели. Ќе се вратам на сцената и ќе се видиме наскоро – напиша Род во објава на Инстаграм.
Неговите обожаватели ја дочекаа оваа вест со тага, но се надеваат и дека Род брзо ќе се опорави.
– Твоето здравје е на прво место… Се молам за целосно и брзо закрепнување – напиша еден обожавател во коментарите под објавата.
Да ве потсетиме дека популарниот пејач минатата недела објави дека го одложува својот концерт во Лас Вегас поради лошата здравствена состојба. Два дена подоцна, тој го откажа и концертот што требаше да се одржи на 5 јуни на истото место.
– Мојот доктор ми препорача малку повеќе одмор додека се опоравувам од грипот. Ви благодарам за вашата љубов и разбирање – напиша тој тогаш.
Наскоро доаѓа петтото внуче: Ќерката на легендарниот Род Стјуарт е бремена на 45 години