Рики Мартин / Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Рики Мартин никогаш позгоден: Пејачот се пофали со извајаните мускули и тетоважите

Латино ѕвездата Рики Мартин повторно ја крена температурата на социјалните мрежи. Пејачот, кој има 53 години, објави провокативна фотографија без маица на својот инстаграм-профил.

На фотографијата, направена во огледало, Мартин позира со заводлива насмевка во она што изгледа како пространа бања. Пејачот позираше без облека и ги покажа своите бројни тетоважи, како и импресивните стомачни мускули. Кадарот запира веднаш над неговите препони, а тој ја избра песната „Push“ од Конор Прајс и Нико Д како музика во позадина.

Обожавателите веднаш почнаа да го комплиментираат на интернет.

Фото: Принтскрин / инстаграм

Инаку, на порториканскиот пејач, текстописец и актер не му е првпат да го покажува своето тело, дури и кога тоа не било планирано. На почетокот на септември, пред неговиот настап на МТВ ВМА, тој доживеа мал моден проблем кога панталоните му се скинаа само неколку часа пред да излезе на сцената. Мартин, исто така, ги покажа своите вештини за кроење, објавувајќи фотографија од себе како го шие скинатиот дел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ricky Martin (@ricky_martin)

„Многу смеа, дури и мала модна грешка, многу шминка и дотерување, и пријатели насекаде! Ќе биде многу посебен ден“, напиша тогаѓ тој, заедно со серија фотографии што ги документираат неговите подготовки за настапот.

ФОТО | На 53 години изгледа подобро од било кога: Рики Мартин сподели фотографии од одморот на Малта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот