
ФОТО | Ријана се облекла во тоа што прво ѝ дошло до рака: Прошета низ Лос Анџелес во бунда и крокс
Ријана и нејзиниот долгогодишен партнер Ејсап Роки беа фотографирани во Беверли Хилс за време на празничниот шопинг, а облеката на пејачката го привлече вниманието на многумина. Таа направила комбинација од дуксер, долга бунда, шорцеви, долги бели чорапи и она што предизвика најмногу коментари – крокс влечки со циркони, кои се дел од колекцијата од брендот „Simone Roche“ и чија цена е 166 евра.
Препорачано

Поради нејзината облека, на социјалните мрежи започна дискусија. Некои напишаа дека „може да носи што сака бидејќи сè ѝ одговара“, а други пак дека таа „непријатно изненадила“ со својот моден избор.
„Инаку, ја обожавам, но крос и бунда?“, „Може многу подобро“, беа само дел од коментарите.
Ејсап Роки облекол црна јакна, широки шорцеви, тениски чевли и капа, а на главата носел големи, бели слушалки. Познатиот пар бил будно следен од обезбедувањето кое не дозволувало никој да им се доближи.

Ријана неодамна беше главна ѕвезда на Модните награди во Лондон, каде повторно избра невообичаена модна комбинација која го истакна нејзиното деколте. Таа се појави во фустан од вештачко крзно во светло сина боја, украсен со црн корсет, а впечатокот дополнително го зголеми со кожени ракавици до лактот и голема светло сина крзнена капа.
