
ФОТО | Расел Кроу, „Гладијаторот“ што го освои Холивуд избегнува јавни настапи: Еве што е причината!
Еден од најпосакуваните мажи на Холивуд, актерот Расел Кроу имаше особено забележителна улога во филмот „Гладијатор“ каде го глумеше Максимус, алфа-мажјак чија сила ги „фрлаше“ обожавателките на колена.
Препорачано
Високото прво место на најпосакувани мажи во гламурозната филмска индустрија често се менува, а вака се случи и за Расел. Човекот просто не се појавува во јавноста, а извори блиски до глумецот велат дека тој избегнува јавни настани и настапи токму поради својот изглед.
Не грижете се, тој не си го менува личниот опис во меѓувреме, барем не под нож. Напротив. Причината што Расел Кроу се повлече од јавноста е едноставна – тој е на диета!
Последно што можеше да се види фотографија од Расел е на тениските терени, односно го следеше мечот и победата на Рафаел Надал, заедно со девојка му. Па, можеби навистина човекот сака да си поведе сметка за својот изглед пред повторно да се појави по црвените килими.

Изгледот сепак нема врска со харизмата и шармот. Неговата девојка, Бритни Териот, од која Расел не се одвојува ни минута, го ужива неговото друштво без оглед на неговата телесна промена.
View this post on Instagram