
ФОТО: Пуштени во продажба билетите за Македонија на Европското првенство
Од вчера и официјално Европската фудбалска куќа (УЕФА) ги пушти во продажба билетите за натпреварите на Македонија на Европското првенство.
Препорачано
Како што е веќе познато УЕФА дозволи ограничен број на навивачите да присуствуваат на мечевите од претстојниот континентален собир.
Избраниците на селекторот Игор Ангеловски се наоѓаат во групата со селекциите на Австрија, Украина и Холандија.
Информациите велат дека билетите ќе се продаваат по принципот „прв дојден, прв услужен“, а тоа нема да оди преку УЕФА, туку преку Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Ќе се доделуваат кодови од ФФМ за пристап до порталот за билети на УЕФА за оние кои претходно ја контактирале федерацијата за продажба на билет.
За повеќе информации и барање на код треба да испратите е-маил на: [email protected]

Билетите ќе бидат пуштени во продажба до 26 мај (до 14.00 часот). Откако ќе се обработи уплатата, кодот за пристап нема повеќе да биде валиден.
Македонија би требало да добие 1700 билети, 1200 за навивачите и 500 за ФФМ, семејствата на фудбалерите, спонзорите и други.
На нашите навивачи ќе им биде потребен негативен ПСР тест кој ќе важи во текот на целиот престој во Букурешт. Не важе повеќе правилото од 72 часа, туку со негативен тест ќе може да се гледаат дуелите со Австрија и Украина во Букурешт.
Можно е Романците да донесат одлука за зголемување на капацитетот од 50%, моментно е 25%, а така и веројатноста за повеќе билети за фановите.
Воедно поради пандемијата на коронавирусот, ќе треба да се почитуваат тековните ограничувања за патување и санитарните мерки. Повеќе ТУКА