Орини Кајпарa
Орини Кајпарa / Фото: Принтскрин/Instagram

ФОТО | Првата жена во историјата која води вести со тетоважа на лицето: Ова е голема победа за мојата генерација

Телевизиска новинарка од Нов Зеланд стана првата личност во историјата на водители која води информативна програма со истетовирано лице, а со својот потег испрати силна порака, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Веднаш штом се појави на програмата на националната телевизија, Орини Кајпара го привлече вниманието.

Водителката на лицето има традиционална маорска тетоважа позната како „moko kauae“ која си ја направила во 2017 година, откако нејзиниот ДНК тест покажал дека таа е сто проценти припадник на таа нација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oriini Kaipara (@oriinz)

Иницијациски момент

Самата тетоважа го означува преминот на девојка во возрасна жена, а Орини не крие колку е горда што ја носи.

„Свесна сум дека сум првата што го направила ова. Сакам тоа секогаш да ме води – секој мој чекор и дело да урива ѕидови. Ова е некој нов терен за нас, но и за Маорите“, изјавила водителката за странските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oriini Kaipara (@oriinz)

Огромен чекор за неа

„Ова беше мојата цел, да ги пренесувам вестите во ударен термин и тоа се случи“, рече таа.

Многу носители на тетоважи се соочиле со различни форми на дискриминација – им бил забранет влез во одредени објекти, биле отпуштени или немале можност да се вработат, а честопати доживеале малтретирање, физичко и вербално. Сепак,
се чини дека времињата се менуваат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oriini Kaipara (@oriinz)

Водителката е посветена на акцијата за ревитализација на традициите и обичаите на својот народ, а нејзиното присуство во вестите може да ги натера другите да ја прифатат нивната култура и оваа промена.

„Сфаќам дека ова е многу поголема работа од само раскажување приказни кои се важни за сите нас. Ова е голема победа за мојата генерација, но и за следните десет. Не дозволувајте идентитетот или културата да ве спречат да успеете. Искористете го како ваша моќ и правете добри работи за луѓето“, посочи новинарката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот