
ФОТО | Пронајден е најстариот кратер на Земјата: Метеоритот удрил пред 3,5 милијарди години
Истражувачите од Универзитетот Кертин го пронајдоа најстариот познат кратер од метеорит во светот. Тие веруваат дека ова откритие може да го редефинира она што е познато за потеклото на животот и како била обликувана нашата планета.
Препорачано
Тим научници ги испитувале слоевите на карпите во областа наречена купола на северниот пол во регионот Пилбара во Западна Австралија. Откриле докази за голем удар на метеорит пред 3,5 милијарди години, објави Универзитетот Куртин.
– Ова откритие драстично ги менува сите досегашни претпоставки за античката историја на нашата планета. „Пред нашето откритие, најстариот кратер кој удрил на земјата беше стар 2,2 милијарди години, така што ова е убедливо најстариот кратер некогаш пронајден на Земјата – рече Тим Џонсон, професор на Универзитетот Кертин, пренесува „Наука“.
Oldest-Known Asteroid Crater is Discovered in the Outback–Made More Than 3 Billion Years Ago!https://t.co/rKoI5MIA8G
— Starflight Radio The Mix (@starflight9956) March 7, 2025
Истражувачите го откриле кратерот благодарение на карактеристичните карпести формации кои се формираат само под висок притисок на удар од метеор. Тие се формирани во оваа област, 40 километри западно од Мермер Бар во Пилбара, кога метеоритот удрил во областа со брзина од повеќе од 36.000 километри на час. Тоа бил голем планетарен настан, што резултирал со кратер широк над 100 километри.
– Знаеме дека големите удари беа вообичаени во младиот Сончев систем благодарение на Месечината. Отсуството на вистински антички кратери значело дека тие биле главно игнорирани од геолозите. Оваа студија дава клучен дел од сложувалката на историјата на Земјата и покажува дека можеби имало повеќе антички кратери кои допрва треба да се откријат – рече Џонсон.
Коавторот на студијата објавена во списанието „Nature Communications“ Крис Киркланд, исто така професор на Универзитетот Кертин, изјавил дека ова открива повеќе за тоа како метеоритите ја обликувале животната средина на Земјата.
– Откривањето на овој кратер и пронаоѓањето повеќе од истиот период може да објасни многу за тоа како настанал животот, бидејќи ударните кратери создадоа средини погодни за микробиолошки живот, чиј пример се топлите базени со вода – рече Киркланд.