фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

ФОТО | Престон Лајонс доби плакета за прогласување на Андон Дончевски за почесен претседател на Вардар

Денеска во пријателски натпревар одигран на Тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје фудбалерите на Престон Лајонс од Австралија со 4:2 беа подобри од Вардар.

Македонскиот фудбалски клуб од Австралија е на турнеја во нашата земја каде за два дена ќе тестира и против битолски Пелистер како подготовка за австралиското првенство.

фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Престон Лајонс е фудбалски клуб на македонските иселеници во Австралија. Главно составен од фудбалери со австралиски пасош, во чии редови е и поранешниот македонски репрезентативец, Метју Божиновски.

Воедно покрај тоа што клубот силно се поврзува со македонската дијаспора во Австралија, асоцира и со легендарниот тренер, екс стратег на Вардар и наш поранешен селектор Андон Дончевски, со долго работно искуство во Мелбурн.

фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Пред почетокот на натпреварот Вардар – Престон Лајонс беа доделени благодарници за гостинскиот тим. Воедно ФК Вардар по Престон Лајонс ќе ја испрати и најавената плакета за почесен претседател на Вардар, за легендата Андон Дончевски, кој живее во Австралија.

Инаку Престон Лајонс е формиран во 1947 година и долг период беше познат под името Престон Македонија, како симбол на македонската заедница во Австралија. Има титули во 1980, 1994, 2002 и 2007 година.

ФОТОГАЛЕРИЈА | Македонскиот симбол од Мелбурн тестираше против Вардар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот