Џона Хил / Фото: Profimedia

ФОТО | Познатиот актер повеќе не изгледа како што го паметите: Новата трансформација ги остави обожавателите без зборови

Холивудскиот актер Џона Хил повторно го изненади светот – овојпат со драстична трансформација. Како што пишува „Пејџ сикс“, тој е снимен на сетот од својот нов филм „Отсечен“ („Cut Off“) и изгледа целосно непрепознатливо.

Хил, кој е и сценарист и режисер на проектот, се појавил во впечатливо издание инспирирано од седумдесеттите: тесна ролка со леопардов дезен, фармерки со низок струк и долги црни реси, руса перика и очила со дебели рамки.

Иако тежината на актерот со години варираше, во последната деценија тој успеа да ја одржи витката фигура.


Во 2011 година, тој ослабе околу 18 килограми со помош на нутриционист и јапонска исхрана, но до 2014 повторно вратил дел од килограмите. Неколку години подоцна, сепак, се врати во форма и повторно покажа импресивна линија.

Во гостување кај Елен ДеЏенерис во 2018 година, Хил отворено зборуваше за своите осцилации во тежината и за тоа како јавноста влијаела врз неговата самодоверба: „Верувам дека секој од нас има слика од младоста на која му е срам да се потсети. За мене тоа е оној 14-годишен, предебел и несигурен клинец кој се чувствуваше грдо во очите на светот, слушаше хип-хоп и очајно сакаше да биде прифатен во заедницата на скejтерите“.

Актерот додаде дека со тек на време научил да се прифаќа себеси и да ја сака сопствената различност, нешто што, според него, било клучно за неговата лична и професионална трансформација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот