Фото: EPA/EFE/ADRIAN SANCHEZ-GONZALEZ

ФОТО | Познатата актерка позираше без шминка за 46. роденден: „Ова е друга личност“

Актерката Џенифер Лав Хјуит наполни 46 години и во таа прилика објави фотогрфија на Инстаграм без шминка и без филтери за разубавување. Актерката, која е најпозната по улогата во серијата „Ghost Whisperer“, прилично изненади со овој сосема природен изглед, а некои дури напишаа дека се шокирани.

„46 години. Без шминка и филтри. Ова беше тежок почеток на годината“, напишала Џенифер во објавата на својот профил во која открила уште некои детали од својот живот.

„Не се чувствувам многу добро. Но, чувствувам дека ова е нешто што се случува за да ми помогне повеќе да се пронајдам себеси. Во тоа чувство на загуба, најдов чуден мир, што обично не ми доаѓа лесно. Знам дека ги имам најдобрите деца и сопруг. Имам сè што ми треба и не сакам ништо друго освен среќни моменти, продолжување на кариерата што ја сакам, време со пријателите, вкусна храна и чувство на промена во оваа година што се надевам дека повторно ќе ми донесе малку магија. Сум искусила и видов колку светот може да биде суров кон жените додека стареат, а сепак видов дека жените на кои им се восхитувам стануваат посреќни, посекси и помоќни со секоја година. Длабоко сум благодарна за овој живот. Ги сакам сите кои ќе одлучат да бидат со мене на ова патување и подготвена сум да им подарам љубов и на помладите и на постарите верзии на себе. Испраќам љубов на сите и наздравувам за четириесет и шест“, рекла актерката која своевремено важеше за секс симбол.

„Заборави да старееш“, „Сè уште изгледаш божествено“ … некои ја пофалија, а други беа изненадени од нејзиниот изглед: „Изгледа поинаку, не ја препознав“, „Ова е сосема друга личност, шокиран сум“, „Што е ова, ова е целосно фотошопирано“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот