Фото: Инстаграм/Џасмин Тукс

ФОТО | Поранешниот ангел на „Викторија сикрет“, Џасмин Тукс стана мајка

Ветеранката на „Викторија сикрет“, Џасмин Тукс откри дека го дочекала своето прво дете, девојчето Миа Викторија, пред повеќе од една недела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jasmine Tookes (@jastookes)

„Миа Викторија 2.23.23“, напиша во описот на објавата. А на инста-сторис сподели уште една објава: „Толку многу сме вљубени во неа и возбудени за ова следно поглавје во нашите животи“.

Девојката од насловните страници (32) сподели и фотографија на која ја држи раката на бебето, заедно со раката на својот сопруг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jasmine Tookes (@jastookes)

Џасмин е во брак со 32-годишниот Хуан Давид Бореро, син на еквадорскиот потпретседател Алфредо Бореро. Џасмин и Хуан запливаа во брачните води предминатата година во септември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jasmine Tookes (@jastookes)

Убавата невеста носеше венчаница специјално изработена за неа од Зухаир Мурад.

„Сакав тој да ми го креира фустанот уште од моментот кога влегов на едно од неговите шоуа за висока мода. Му испратив инспирација и тој го нацрта најпрекрасниот и безвременски фустан што го имам видено досега“, појасни Тукс за „Вог“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jasmine Tookes (@jastookes)

Црковната церемонија се одржа во католичка црква во Кито, а потоа гостите уживаа во вечера во раскошна хациенда во близина.

Повеќе вести за ангелите на „Викторија сикрет“:

Адријана Лима не ослабна по породувањето и изгледа божествено

Никогаш поубава: Прво појавување на Жизел Бундшен по разводот со Том Брејди

Луда забава на белградски сплав: Алесандра Амбросио воодушевена од турбофолкот и ракијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот