Фото: 192.рс / скриншот

ФОТО | Македонецот кој загина правејќи бомба во Белград е поранешен ракометар на Вардар

Поранешниот ракометар на Вардар, Мартин Сипковски, е македонскиот државјанин кој загина во големата експлозија во центарот на Белград минатата недела, јавија српските медиуми.

Сипковски во минатото настапуваше за младинските категории на Вардар, а во последните години беше активен во модната индустрија.

Според информациите на српските медиуми, тој настрадал поради нестручно ракување со експлозивна направа која, наводно, била планирана за обид за ликвидација на наркодилер.

Силната експлозија го уништи станот во кој бил загинатиот Сипковски, а дополнително беа оштетени и два соседни стана. Српските власти спроведуваат истрага за целосно расветлување на случајот.

ВИДЕО | Силна експлозија во центарот на Белград: На станарите им е забрането да ги напуштаат домовите

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот