ФОТО | Полициска интервенција во Дрезден поради можна заложничка криза

Фото: Jens Schlueter / AFP / Profimedia

Полициски сили интервенираа утрово во центарот на Дрезден, главниот град на германската сојузна покраина Саксонија, поради „сомнеж за земање заложници“, соопшти локалната полиција.

Неколку медиуми, меѓу кои и „Билд“, објавија дека маж вооружен со пиштол се засолнил во продавница во трговски центар, откако пукал во просториите на радиостаница во градот.

Наводно, 40-годишниот напаѓач ја убил жената пред да се засолни во трговски центар, додава „Билд“, без да ја прецизира локацијата на убиството.

„Полицијата спроведува акција во центарот на градот. Постои сомнеж за земање заложници“, наведуваат од полицијата и додаваат дека трговскиот центар и божиќниот пазар во близина се затворени.

Фото: Jörg Schurig / AFP / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот