Фото: Инстаграм/„Бракс“

ФОТО | Пола човек: Ана Ивановиќ не личи на себе откако и официјално ги поднесе документите за развод од Швајнштајгер

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ деновиве ужива во убавините на Париз, а на последната фотографија која  ја објави на својот Инстаграм направена од нејзината омилена градина, ги загрижи следбениците, но и јавноста.

Имено, откако Ана (37) и нејзиниот сè уште законски сопруг, познатиот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер (40), како што пренесе „Кронен“, поднеле официјални документи за бракоразводна постапка, некогашната тенисерка е видно ослабена.

Често проблемите влијаат врз апетитот, но сепак Ана не била никогаш послаба, а токму овој податок ги загрижи следбениците, кои ѝ ја пружија сета поддршка.

„ Ана изгледа грациозно како и секогаш. Убаво да си поминеш по целата болка … Стана толку кревка … Сè најдобро за тебе …“ , Сè уште сум шокирана. Не би помислила, но секако ти посакувам се најдобро и нов почеток, кој со текот на времето ќе биде полесена“, гласеа дел од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)

Шпекулациите за можен крај на нивниот брак се шират повеќе од еден месец. Во тој период, јавноста дозна бројни детали од нивниот приватен живот – од фактот дека не живеат заедно, поделбата на имотот, до наводите за евентуално несогласување поради колешката на Бастијан, популарната водителка Естер Седлачек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот