Тејлор Свифт / Фото: JULIEN DE ROSA / AFP / Profimedia

ФОТО | По ова секој би сакал да работи за Тејлор Свифт: Пејачката на вработен му дала бонус од 100.000 долари и испратила посебна порака

Ако некогаш сте се запрашале колку би можеле да заработите како работник на турнејата „Ерас“ на музичката ѕвезда Тејлор Свифт, една објава на социјалните мрежи може да ви го даде одговорот.

Имено, на Икс се појави фотографија од писмо кое Свифт му го испратила на вработениот по име Роберт во февруари 2024 година, со бонус од дури 100.000 долари, пренесува „Пејџ сикс“.

„Роберт, ти благодарам за одличната работа на турнејата во Америка, заслужениот бонус е 100.000 долари. Со љубов, Тејлор“, пишувало во писмото напишано на бела картичка со цветен дизајн на врвот.

Оваа објава набрзо стана вирална и предизвика голем број позитивни реакции.

„Каков дарежлив подарок“; „Инаку, ова беше бонус… добија 100 илјади над платата! Тејлор навистина се грижи за нејзините танчaри/пејачи/екипа“; „Тејлор промени нечиј живот со еднo писмо. Кој друг добива 100 илјади долари“; „Бонус од илјада долари плус лична порака од глобална суперѕвезда? Тоа не е само великодушност – тоа е љубезност на друго ниво“, беа дел од коментарите под објавата.

Да потсетиме, на почетокот на декември минатата година, Тејлор Свифт ја заврши својата мегауспешна турнеја „Ерас“. Покрај вкупната заработка, медиумите ја објавија и наводната сума со која пејачката ги наградила своите вработени на турнеја. Според „Пипл“, Тејлор доделила вкупно 197 милиони долари бонуси, а меѓу примателите имало фризери, возачи на камиони, угостители, техничари за инструменти, продукциски персонал, шминкери, стилисти и физиотерапевти.

Тејлор Свифт ја заврши својата рекордна турнеја, одржа 149 концерти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот