
ФОТО | Пластичните хирурзи долго време тврдат: Лицето на Путин е полно со ботокс и филери
Владимир Путин во последниот месец стана најомразената личност во западниот свет, а интересот на медиумите за неговиот приватен живот и тајните што ги крие е поголем од кога било.
Препорачано
Путин веќе неколку години го бие глас дека милува најразлични козметички зафати и дека лицето му е полно со ботокс и филери со цел да го подобри неговиот „имиџ“. Со оваа „проблематика“ некои медиуми се занимаваа уште во 2009 година, а во 2019 година еден британски пластичен хирург зборуваше за лицето на Путин.

Какви пластична операции имал Владимир Путин?
Секако, Владимир Путин негираше дека имал какви било козметички процедури за да го подобри својот изглед. Но, 69- годишниот лидер се чини дека посегнал по бројни зафати во текот на годините, а тоа го потврдуваат и голем број експерти за естетска хирургија.
Водечкиот козметички хирург во Велика Британија, Џерард Лемби тврдеше дека лицето на рускиот претседател покажува знаци на козметички третмани што му помогнало да го задржи својот имиџ во јавноста како цврст, безмилосен лидер.

Ботокс?
Гласините дека Путин користи ботокс инјекции за да ја намали појавата на брчки на неговото лице започнаа околу 2011 година. Тогашниот руски премиер се појави на состанок со огромна модринка околу окото. Неговиот портпарол тогаш (веројатно принуден) ги негираше гласините велејќи дека „премиерот е уморен“.
Рускиот либерален магазин „Њу Тајмс“ покрена голема дебата една година подоцна со написот „Што се случува со лицето на Путин?“. Во написот, четворица пластични хирурзи се согласија дека најверојатно Путин има ботокс на челото.

Филери?
Се чини дека на рускиот лидер му ставиле и филери во образите. Овие гласини се појавија непосредно пред Олимпијадата во Сочи во 2014 година и по неговиот развод со Људмила, неговата сега веќе поранешна сопруга.
„Контурата на лицето на Путин јасно се промени со текот на годините и додека формата на нашето лице може да стане потенка со возраста – неговото е значително пошироко и подебело… Би рекол дека тој очигледно има посветен естетски хирург во неговиот тим бидејќи ставањето филери беа прилично суптилни на почетокот. На многу фотографии од минатото изгледа сосема поразлично, сето тоа е направено да се создаде младешка, поцелосна контура на лицето со филери“, во една прилика објасни д-р Џерард од клиниката „Рефлект“ во Манчестер.

Подигнување на очите и брадата?
Постапката за подигнување на очните капаци обично се прави за да се отстрани вишокот на кожа од горните очни капаци и да се намали обемот на „вреќичките“ под долните очни капаци, со цел да се добие посвеж и помладешки изглед.
„Можам да видам и суптилно подигнување на горните очни капаци и најверојатно подигнување на брадата – давајќи му многу повнимателен и посвеж изглед“, вели д-р Лемби.
Патриша Векслер, пластичен хирург од Њујорк, вели дека се повеќе мажи на моќни позиции доаѓаат кај неа на најразлични процедури и дека е речиси сигурна дека ова е случај и со рускиот претседател.

EPA PHOTO EPA/ANATOLY MALTSEV