
ФОТО | Откако ја поврзуваа со згодниот Остин Батлер: Зои Кравиц забележана на романтична прошетка со Хари Стајлс во Рим!
Актерката Зои Кравиц е снимена како ужива во романтична прошетка со пејачот Хари Стајлс, само неколку дена откако беше видена во друштво со колегата од филмот „Фатен во кражба“ (Caught Stealing) Остин Батлер. Кравиц и Стајлс шетале рака под рака низ Рим и разговарале, пренесуваат странските медиуми.
Препорачано
„Па, тоа не го очекував. Во бар во Париз со Остин Батлер, а потоа во Рим со рака околу Хари Стајлс… Зои Кравиц, те молам научи ме на твојата игра“, се пошегува еден обожавател на социјалните мрежи.
Harry Styles and Zoë Kravitz spotted together in Rome. pic.twitter.com/BBOCk0RfMi
— Buzzing Pop (@BuzzingPop) August 25, 2025
Инаку, Батлер и Кравиц изгледале многу блиски додека се дружеле во еден бар во Париз, кој го посетиле за да го промовираат својот нов филм „Фатен во кражба“. Таму, по премиерата во четвртокот, актерите се гушкале до доцна во ноќта.
Иако некои се убедени дека тие се новиот холивудски пар, извори тврдат поинаку.
„Тоа сè уште не е целосна романса, но Остин не е ниту турнат во зоната на пријателство. Работата заедно на филмот беше интензивна затоа што режисерот Дарен Аронофски е познат по тоа што ги турка актерите до крајните граници“, изјавил извор.
Austin Butler and Zoë Kravitz spotted getting cozy in Paris yesterday. pic.twitter.com/hSEY96cAbN
— AB Verse (@AustinButler_04) August 22, 2025
Во филмот „Фатен во кражба“ Батлер глуми поранешен бејзбол играч кој е вовлечен во дивa борба за преживување во подземјето на криминалниот Долен Менхетен во 90-тите години. Филмот е базиран на книга на Чарли Хастон, кој го напишал и сценариото.
Кравиц неодамна беше поврзувана и со актерот Ноа Сентинео, откако беа видени заедно во повеќе наврати во Њујорк. Сентинео, Батлер и Стајлс, како и шпекулациите за нови романси, се појавија по раскинувањето на Кравиц и нејзиниот свршеник, актерот Ченинг Тејтум, во октомври 2024 година.
Кравиц ги раскина свршувачката и тригодишната врска со Тејтум, додека Батлер и неговата поранешна девојка, манекенката Каја Гербер, наводно се разделиле кон крајот на 2024 година. Претставник на Батлер претходно демантирал дека помеѓу ѕвездите од „Фатен во кражба“ има љубовна врска.

Да потсетиме, Тејтум и Кравиц се запознaa во 2021 година за време на снимањето на филмот „Трепни двапати“ (Blink Twice), а се свршиja две години подоцна. Но, кога заврши медиумската турнеја на филмот, парот почнал да размислува за брак, што се покажало како пресудно за нивната љубов, бидејќи сфатиле дека немаат исти желби во односите. Извор ја опишал актерката како „независна“ и „фокусирана на кариерата“, додека за Тејтум рекол дека е „семеен човек“, подготвен повторно да се скраси.
Од друга страна, Хари Стајлс беше поврзуван со продуцентката Ела Кени, откако беа фатени во интимен момент на фестивалот „Гластонбери“.
„Хари и Ела се забавуваа на ‘Гластонбери’ и се бакнаа на подиумот за танцување. Убаво се сложија во тој момент, но тоа не значи дека ќе се развие нешто повеќе. Само кликнаа и се бакнаа. Делува како нормално, приземно девојче, што е разлика во однос на некои големи ѕвезди со кои бил претходно“, рекол извор.
Инаку, Стајлс и претходно беше поврзуван со повеќе жени од А-листата – од пејачката Тејлор Свифт и манекенката Кендал Џенер, до француската манекенка Камил Роу и актерката Оливија Вајлд.