Деми Мур, Кајли Џенер / Фото: EPA / Instagram

ФОТО | Откако брутално ја игнорираше на Златните глобуси, Деми Мур и Кајли Џенер „уловени“ како разговараат

Кајли Џенер конечно беше забележана како разговара со Деми Мур на доделувањето на БАФТА само неколку недели откако реалити ѕвездата беше брутално игнорирана од актерката. Странските медиуми пренесуваат дека со ова тие ги демантираат гласините за наводен конфликт.

Инаку, Кајли присуствуваше на церемонијата за да го поддржи своето момче Тимоти Шаламе, кој беше номиниран за наградата за најдобар актер. Според магазинот „Ел“, додека таа седела во публиката, ѝ пришла Деми Мур и двете имале краток разговор, со што докажале дека меѓу нив нема несогласувања.

За потсетување, во виралното видео кое кружеше на социјалните мрежи по доделувањето на Златните глобуси, Деми беше видена како ентузијастички разговара со Ел Фанинг за нејзината победа, додека Кајли се обидуваше да учествува во разговорот. Ситуацијата стана уште понепријатна кога Деми ја прескокна Кајли и директно му се обрати на Тимоти, честитајќи му за неговите проекти.

Оваа ситуација стана толку голема вест што ќерката на Деми Мур мораше да се огласи. Таа потоа објави приказна на Инстаграм во која застана во одбрана на нејзината мајка.

„Новата година ја поминавме со Ел и сосема е природно што двете се поврзаа по победата. Деми беше во целосен шок и доколку ја приметеше Кајли дека сака да ѝ честита, дефинитивно ќе ѝ дадеше простор да го направи тоа“, напишала Талула.

„Само опуштете се и дозволете ѝ да ужива во својата победа“, додаде таа на крајот.

Деми Мур секоја недела го посетува Брус Вилис: Одам кај него затоа што го сакам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот