
ФОТО | Објавени последните фотографии на Ракел Велч
Фотографиите од последното јавно појавување на легендарната актерка Ракел Велч била направени шест месеци пред нејзината смрт. Фотографиите се направени кога актерката посетила салон за убавина, во јули 2022, објави „Њујорк пост“.
Препорачано
Велч ја фотографирале кога се упатила кон салонот за нега на нокти „J&J Beauty Lounge“ во Беверли Хилс, каде била забележана како разлистува списанија. Она што може да се забележи на фотографиите дека на моменти маникирот не ѝ годи, поради болните изрази на нејзиното лице.
Станува збор за ретки фотографии од Велч, поради нејзиното ретко појавување во јавноста во последните години од нејзиниот живот. На фотографиите ѕвездата од шеесеттите години на минатиот век е облечена во спортско издание и носи златни кружни обетки, бела блуза со долги ракави, црни пантолони и црни сандали, а била придружувана од непозната пријателка.
Смртта на 82-годишната актерка беше потврдена во средата, а зад себе остави богата актерска кариера, снимајќи повеќе од 30 филмови и 50 телевизиски серии.
View this post on Instagram
Повеќе вести на темата:
Почина легендарната американска актерка и модел Ракел Велч
Животот на легендарната Ракел Велч: Од презентерка на временска прогноза до глобален секс-симбол