ФОТО | Ново откритие во Лешочкиот манастир: Пронајдена фреска од архирејот Кирил Александриски стара и до 8 века, министерката за култура вети поголема помош за конзервација

Фото: Слободен печат

Фреската од архирејот Кирил Александриски е пронајдена во олтарот на храмот Богородица и е дел од најстарото сликарство на манастирската црква кое датира најверојатно од 13 век. Се работи за позаштитена фреска од фрагментот на живописот, кој во ова светилиште беше пронајден пред две недели.

Фото: Слободен печат

Владо Муковски од Националниот конзерваторски центар кој со својата екипа работи на реставрација на црквата, која е со трослојно сликарство од 19, 17 и најверојатно настарото од 13 век, вели дека се работи за ретко културно-духовно богаство, на кое ќе треба долгорочно да се работи за да се заштити, а за тоа се потребни и повеќе финансии од државата.

„Неодамна информиравме дека најдовме мал фрагмент на трослоен живопис, но пред неколку дена дојдовме до поголемо откритие пронајдовме Архиреј, станува збор за Кирил Александриски, допрва историчарите ќе имаат доста работа да го датираат периодот. Ги раслојувавме слоевите и го презентираме живописот од 19 век и од 17 век и најстариот од 13 или 14 век, тоа е реткост во светски рамки, рече Муковски.

Според него потребно е долгогодишно финансирање и поддршка, бидејќи станува збор за деликатна работа која бара континуитет во работењето и слух од надлежните дека овој потфат ќе даде големи резултати.

-Сето ова треба да не радува и ова е порака од бога, затоа што на 22 јуни е празникот Кирил Александриски. Ние сме тука неколку години, но не можевме да претпоставиме што ќе откриме. Овие откритија фрлаат една друга динамика, ова што сега е откриено бара друго темпо, една долгорочна работа и една соодветна презентација, вели Владо Муковски советник конзерватор од Националниот конзерваторкси центар.

Министерката за култура Бисера Костадиновска денеска го посети Лешочкиот манастир по информациите за пронајденото трослојно сликарство. Таа вели дека како министерство вложувале во реставрација на црквата, но како што посочи, законот не дозволувал повеќегодишно финансирање, затоа и тука во манастирската црква се работело со застои. Во процедура е менување на законот, со цел конзервацијата да добие поголема динамика.

Фото: Слободен печат

„Ваквите проекти како овие ни кажуваат дека треба да имаме се повеќе вложувања во облата на културата и еве можеби ова е еден апел да имаме повисоки буџети, но тоа не е единствената пречка. Она што не го дозволуваше законот, тоа е повеќегодишното финансирање. Ние не само за оваа работа во црквата туку и за реконструкција на конаците ќе направиме правно да биде издржано повеќегодишното финансирање преку информација на Влада, за да бидеме сигирни дека овде овие работи ќе бидат на приоритетна листа и ќе се завршат. Кога ќе се осигураат и финансиите и правната рамка, тогаш веќе работата е завршена. Веќе во фаза на изработка е нов Закон за заштита на културно наследство и таму ќе предвидиме и ќе овозможиме повеќегодишно финансирање, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска.

Фото: Слободен печат

Таа дополни дека за реконструкцијата на конакот на Лешочкиот манастир имало неколку неуспешни тендери, новиот тендер кој ќе биде распишан ќе биде за целосно завршување на конакот, а не во фази како досега.

ФОТО | Големо откритие: Под фреските во храмот Богородица во Лешочкиот манастир пронајдено сликарство старо повеќе од 7 века

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот