Џиџи Хадид и Бредли Купер - Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER//EPA-EFE/JUSTIN LANE

ФОТО | Нов холивудски пар во најава: Џиџи Хадид видена на романтична вечера со Бредли Купер

Топ-моделот Џиџи Хадид (28) и познатиот актер Бредли Купер (48) уживаа на романтична вечера во Њујорк во четвртокот – неколку месеци откако Џиџи ја заврши романсата со холивудскиот заводник Леонардо Дикаприо, пишува „Дејли меил“.

Џиџи Хадид на вечерата се појави во кожна јакна под која имаше бел топ и кратко здолниште, додека Бредли Купер беше во полежерно издание. Актерот се појави со сина маичка, фармерки и карирана јакна, во комбинација со бејзбол капа додека гледаше во неговиот телефон.

Како што пишува „Дејли мејл“, ова е прво излегување на Џиџи Хадид по наводната романса со Леонардо ди Каприо, а претпоставките се дека заедничк

излегување не било обична или деловна вечера, туку подобро запознавање на потенцијалните емотивни партнери.

Фото: TheImageDirect.com / The Image Direct / Profimedia

Бредли Купер се раздели од Ирина Шајк во 2019 година, но без разлика на емотивната дистанца, тие останаа во добри односи поради нивната ќерка. Имено, Бредли и Ирина во последно време неколку пати беа видени заедно.

ФОТО | Откачи-закачи: Дикаприо повторно уловен со Џиџи Хадид

Ирина Шајк и Бредли Купер летуваат заедно: Дали се повторно во љубов?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот