
ФОТО | Никол Шерцингер „побегна“ на Хаваи: Пејачката се опушти на плажа во бикини и ја покажа својата завидна фигура
Пејачката Никол Шерцингер моментално паузира од своите шоуа на „Бродвеј“ и решила да се опушти на Хаваите, каде што е родена. Пејачката сподели неколку моменти од одморот и со фотографиите ги воодушеви своите следбеници.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Никол го впиваше сонцето во црно бикини кое ја истакна нејзината витка линија и совршени стомачни мускули. Своето модно издание на плажа го комплетираше со црна марама со интересен дезен. Пејачката позираше во бикини покрај океанот, на карпи, а на фотографиите изгледаше како да успеала да се опушти и одмори на патувањето.
„Нема ништо помоќно од љубовта, врската и благодарноста. Благодарна сум што успеав да ја направам мојата прва пауза од Бродвеј за да ги наполнам батериите“, напиша таа покрај фотографиите и додаде:
„На хавајски јазик постои изрека „Aʻaliʻi ku makani“ за да се објасни дека кога луѓето минуваат низ пустош тие ќе бидат силни како „aʻaliʻi“. Тоа значи „стојат силно на ветрот“, растение кое е супер еластично и може да издржи се“.
А, на оваа глетка не останаа имуни бројните обожаватели на интернет, па брзо ги искоментираа фотографиите.
„Апсолутно си убава“; „Совршена си“; „Ти благодариме што ја сподели молитвата со нас“, беа само дел од коментарите.
View this post on Instagram