
ФОТО | Никол Кидман се расплака на доделувањето на наградите во Палм Спрингс: Ова е за мојата покојна мајка
Никол Кидман освои награда на Меѓународниот филмски фестивал во Палм Спрингс за нејзината изведба во филмот „Babygirl“. Наградата ѝ ја посвети на својата покојна мајка.
Препорачано
Кидман најпрво ѝ се заблагодари на режисерката на филмот Халина Рејн што ја ангажирала, а потоа ја спомна нејзината мајка и истакна дека таа сѐ уште тагува по неа, па на крајот се расплака.

„Ви благодарам што ми дадовте можност да кажам ‘ова е за мајка ми’. Целата моја кариера е за мама и тато, кои сега не се тука. Ќе продолжам да работам и да му враќам на светот затоа што го сакам она што го работам. Ве сакам и вас сите, многу сум благодарна што ја имам привилегијата да бидам дел од филмската заедница“, рече таа.
„Жал ми е што плачам, не сакав да го направам тоа, но во моментов ја чувствувам мајка ми, па ова е за неа“, додаде таа.
Кидман ги пропушти проекциите на „Babygirl“ во Венеција и на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во септември за да биде со своето семејство откако дозна за смртта на нејзината мајка.
Џенел Кидман почина на 83-годишна возраст. Никол ја дознала тажната вест додека била во Венеција. Таа побрза дома, а наместо тоа наградата ја прими режисерката на филмот Халина Рејн, која ја прочита нејзината изјава.
„Денес пристигнав во Венеција и набргу потоа дознав дека мојата прекрасна, храбра мајка Џенел Ен Кидман штотуку почина. Во шок сум и морам да одам кај моето семејство, но оваа награда е за неа, таа ме обликуваше, таа ме водеше, таа твореше, јас сум исклучително благодарна што можам да го кажам нејзиното име на сите вас. Тежок е судирот на животот и уметноста, а срцето ми е скршено. Ве сакаме сите“, напиша тогаш Никол во изјавата.