
ФОТО | Никогаш не изгледала послабо: Исплива фотографија од Адел во црн тесен фустан на свадбена прослава
Британската пејачка Адел се појави на свадбена прослава, а она што многумина го забележаа на фотографиите од прославата – е дека пејачката никогаш не била послаба.
Препорачано
Додека во последните години Адел успеа да ослабе значително во споредба со почетокот на нејзината музичка кариера, се чини дека на новата фотографија и видео е најслабата што некогаш била.
И додека на социјалните мрежи се шпекулира дали Адел присуствувала на свадбата на Селена Гомез и Бени Бланко или кај пријатели, фотографијата несомнено докажува дека пејачката ја довела фигурата до совршенство.
ADELE pic.twitter.com/OHHMT9nSoz
— Adele Stats (@StatsAdele) September 28, 2025
Таа беше облечена во црн фустан кој беше составен од два дела – горниот дел со долги ракави и спуштени прерамки, додека долниот дел беше развлечен како балска тоалета. Судејќи според рамената и рацете на пејачката, се чини дека таа ослабела дополнително, а на интернет кружат коментари дека никогаш не изгледала подобро.
Adele was at Selena’s wedding omg pic.twitter.com/zdgsClgfWs
— tiana (@souvenirtities) September 29, 2025
Адел не е во јавноста веќе некое време, а откако ја заврши својата турнеја на крајот од 2024 година, објави дека планира да се повлече за да се посвети на своето семејство.
Инаку, пејачката почна да ослабува за време на пандемијата на коронавирусот, а за две години ослабе 45 килограми. Иако многумина веруваа дека е на строга диета, таа изјави дека редовно консумира само одредена храна.
Adele singing along to pink pony club at britt & alex’s wedding 🫶🏼 pic.twitter.com/VUqoHH6wZE
— A🤍 (@adelesgolden) September 28, 2025