Фото: Инстаграм

„Немавме пари за вентилатор, ниту да одиме на одмор“: Слаткар со емотивна порака го најави новиот албум

Раперот Марко Маринковиќ – Слаткар на својот Инстаграм профил сподели емотивен статус, потсетувајќи се на деновите од детството кога импровизираниот држач за микрофон и опрема бла неговата надеж за посветла иднина.

Додека сите другари му биле заминати на одмор тој немал пари за такво задоволство, а времето го поминувал пишувајки песни кои ги снимал со својот помал брат Стефан.

„Ова сум јас, крај на месец јули, 2005-та. Сите другари ни се во Охрид на одмор, а јас и Диџеј Че сме заглавени во Скопје и снимаме песни на импровизирана опрема во Ново Лисиче. Обратете внимание на држачот за микрофон кој е составен од скршен вентилатор и шипка од скршена метла. Немаме вентилатор да не лади, немаме пари да одеме на одмор, но имавме нова песна и уште една, уште една и уште една. Не знам точно колку песни имам направено до сега, но знам дека сè уште снимам со истиот интензитет и сè уште сум возбуден како мало дете кога одам накај студио. Со овој пост сакам да најавам дека на 25-ти мај ќе вадам нов албум! Патем, оваа година во јули се мислам дали да идам на Малдиви или на Бахами. Живели“.

Марко денес е во брак со поранешната манекенка Сања Николиќ и го имаат синот Моша.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот