Фото: Принтскрин - Инстаграм

ФОТО | „Не е точно дека дедо ми бил швалериште“: Ова е внукот на Хер Жика од „Жикина династија“

Во јуни навршуваат три децении од смртта на Драгомир Бојаниќ – Гидра еден од најлегендарните српски актери попознат како симпатичниот Жика од „Жикина династија“, остана запаметен по своите улоги со кои ги засмејуваше луѓето ширум поранешна Југославија. Овој серијал имаше девет продолженија, секое со различно име, но во колективната меморија на народите на поранешните Југословенски простори најпопуларна и најгледана остана „Жикина династија“ од 1985 година.


Актерот со неповторлив шарм се женеше три пати, секогаш со иста жена, актерката Љиљана Контиќ. Двајцата се запознале на универзитетот, се венчале во 1966 година, а потоа се развеле и се смириле, бидејќи не можеле еден без друг.

За време на нивниот турбулентен заеднички живот ја добија ќерката Јелена, родена во 1970 година.


Каков бил Гидра во приватниот живот денес сведочи Јован Стојановиќ, внук на неговиот брат Миломир. Иако имал само седум години кога Гидра починал, добро се сеќава на него:

„Често го посетував во неговиот стан кај Калемегдан. Каков што беше во „Жикина династија“ хер Жика, таков беше Гидра и во секојдневниот живот, насмеан и весел. Никогаш не сум го видел тажен или намуртен“ – рекол еднаш Јован и додал:

„Не е точно дека дедо ми бил швалериште. Тој многу ја сакаше баба ми Љиљана и таа силна љубов доведуваше до чести расправии. Поради тоа тие често се разделувале еден од друг, но тој секогаш се враќал кај неа. Не си заминал поради други жени, тоа не е точно“ – истакнал неговиот внук.

Поради својот атрактивен изглед, Јован заплови во светот на манекенството, а работеше на бројни кампањи за познати брендови, модни ревии, а се појавуваше и во музички спотови, пишува Нова.рс.


Сите велат дека Јован го наследил шармот од својот дедо, а со тоа, без сомнение, ја освоил и сегашната сопруга Маја, која по професија е шминкерка.

Јован и Маја од неодамна станаа родители на синот Алексеј, кој е круна на нивната љубов.

„Жикина династија“: Како успеа хуморот од пред 43 години да стане дел од колективната меморија на многу народи?

Ја засмејуваше цела Југославија со својата глума, а криеше голема тага: Тажната судбина на Жика од „Жикина династија“

ФОТО | Боба од „Жикина династија“ се збогуваше со Дара Чалениќ: „Заминаа и моите филмски родители“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот