Ја засмејуваше цела Југославија со својата глума, а криеше голема тага: Тажната судбина на Жика од „Жикина династија“

Фото: Драгомир Бојаниќ Гидра/Фејсбук

Еден од најлегендарните српски актери, Драгомир Бојаниќ Гидра, попознат како симпатичниот Жика од „Жикина династија“, остана запаметен по своите улоги со кои ги засмејуваше луѓето ширум поранешна Југославија, додека на гледачите не им дозволуваше да видат колку, всушност, страдал во животот и дека во најраното детство доживеал огромна трагедија…

Трагедијата што ја доживеал во детството, никогаш не ја истакнувал.

Гидра е роден на 13 јуни во 1933 година во Крагуевац. Иако тоа не се забележувала на него, тој немал безгрижно детство, затоа што во најрана младост останал сирак, откако мајка му Новка починала од туберкулоза, набрзо потоа на 10-годишна возраст останал и без својот татко Јован, офицер на српската војска, кој го стрелале во 1943 година во текот на Втората светска војна, по што малиот Гидра останал целосно сам.

Поради тоа што немал никој кој би се грижел за него, актерот барал начин да се прехрани и што побрзо да пронајде професија која ќе му носи заработувачка. Така, завршил во училиштето за преработка на месо, овошје и зеленчук во Крагуевац, за веднаш по матурата да се вработи во фабриката за конзерви „Црвена ѕвезда“.

Во едно интервју кое актерот го дал на почеток на седумдесеттите години објаснил како завршил во светот на глумата.

„По професија сум занаетчија. Имам квалификација стекната во СТШ Крагуевац, хемиско-технолошки отсек. Со актерство почнав да се занимавам по потреба на службата, во крагуевската фабрика за конзерви „Црвена ѕвезда“. Потоа преку аматерскиот театар „Света Младеновиќ“ дојдов во Народниот театар во Крагуевац, чиј член бев долго време“, рекол своевремено Драгомир Бојаниќ Гидра.

Гидра покажал неверојатен актерски талент, додека пресуден момент истиот да исплива на површина секако било кога во ансамблот на уметници во Крагуевац, каде што работел, неговите колеги со заеднички сили собрале пари кои му помогнале да оди во Белград и да се запише на Академија.

Тоа бил паметен потег, па Гидра се запишал на Академијата уште при првиот обид за потоа уште во првата година од студиите да почне да глуми на сцената на Народниот театар во Белград, а оттаму се вивнал меѓу актерските ѕвезди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот