Фото: Инстаграм

ФОТО | Наташа Беквалац го украси станот како од бајка: На елката има само еден украс

Наташа Беквалац со години живее во луксузен дом на белградско Дедиње, а дел од топлата атмосфера и новогодишните украси преку социјалната мрежа Инстаграм сподели и постарата ќерка на пејачката Хана Икодиновиќ.

Хана, која Наташа ја имаше во брак со поранешниот ватерполист Данило Икодиновиќ , прво објави фотографија од нејзината сестра Катја, а во позадина поглед на стан обоен во светли бои.

Во дневната соба доминира удобниот сив тросед, пред кој има маса од масивно дрво и големо домашно кино. Кујната и трпезаријата се пространи, а има и голем кујнски „остров“ како и висечки лустер со необична форма.

Елката со која овие три дами го украсија својот дом за празниците е украсен со бели светла, а доминира гломазна машна, која е единствениот, но и многу ефектен детаљ.

Да потсетиме, Наташа Беквалац речиси една година реновира скап имот за кој зборуваше претходно.

– Почнавме од почеток. Од подот до таванот. Фаза – сива. Сакав само едно… ништо, апсолутно ништо, ниту една работа, мала работа, да нема врска со минатото. Овие девојки не живеат во минатото. Јас сум естет по природа, класична Вага. Никој не можеше да ги разбере моите желби за нашата куќа подобро од пријател на куќата. Конечно ми се допаѓа тоа што го гледам во него – објасни во една прилика Беквалац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот