ФОТО | Најкраткиот меѓународен мост е долг само 10 метри: Поврзува две големи држави и е симбол на нивното пријателство

Фото: Wikimedia Commons

Во светот има многу мостови кои „раскажуваат“ прекрасни приказни за богатото минато и култура на местата каде што настанале. Тие се неисцрпен извор на инспирација за сликарите, поетите и сонувачите чии четки и пенкала вешто ја пренесуваат нивната убавина на платно или на хартија, пишува „Путни кофер“.

Еден од најпосебните и најнеобичните мостови во светот поврзува две големи северноамерикански земји, САД и Канада, и ја освои фантазијата на многумина поради својот необичен статус. Имено, тоа е најкраткиот меѓународен мост во светот чија должина е само десет метри.

Фото: Wikimedia Commons

Мостот ги поврзува САД и Канада

Мостот е долг само десет метри, се протега од еден до друг остров во реката Сент Лоренс, а целата област е позната по група мали острови во архипелаг долг 32 километри поделен меѓу Њујорк во Соединетите Американски Држави и Онтарио во Канада. Групата од околу 1.800 острови во реката е поделена меѓу двете земји, при што Канада има право на две третини од островите, а САД на остатокот.

Помеѓу стотиците острови во реката, еден привлекува посебно внимание бидејќи, како што пишуваат светските медиуми, најкраткиот мост во светот што поврзува две граници. На островчето Завикон има симпатична мала куќарка, карпеста плажа, неколку дрвја и ништо повеќе. До денес во јавноста не е познато кој е сопственик на оваа мала, островска оаза, но има разгледници од мостот од 1910 година на кои се прикажани две знамиња, оние на САД и Канада, што укажува дека ова место веќе било означенo како меѓународно призната граница на почетокот на 20. век.

Разгледница од 1910 година / Фото: Wikimedia Commons

Симбол на пријателство

Во граничниот договор што беше изготвен меѓу Канада и САД се наведува дека ниту еден остров не може да се подели на две територии. Вака во минатото мирно ја решавале оваа необична ситуација: помалото островче припаѓало на САД, а поголемото на Канада.

Со својата должина од само неколку метри, мостот што ги поврзува двете земји денес го симболизира пријателството и соработката меѓу овие два големи народи. Иако физички мал, Завикон стана одличен симбол на хармонијата меѓу САД и Канада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот